- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Летото е во полн замав, температурите се зголемуваат, кожата се повеќе е мрсна, а вашата шминка се помалку постојана!

Топлината и влагата може да ви бидат најлошиот непријател и да ги уништат сите напори што сте ги направиле вашата шминка да изгледа совршено. Но, постојат некои предности на таквите услови! Изненадувачки, истата влага и топлина може да ви помогнат во едноставните поправки на шминката. Сите декоративни производи се направени од пигменти и течна или кремаста основа што се активира со топлина и влага.

топол ден

Која е разликата во обновувањето на шминката кај масна и сува кожа!

Постои голема разлика помеѓу обновување на шминката за масна и сува кожа.

Масната кожа бара двојни поправки. Првиот чекор е користење на матирачки ливчиња за апсорпција на вишокот себум и пот. Потоа следи матирање и нанесување на нов слој од матирачка пудра. Коректорот може да се поправи подоцна само на местата каде што е неопходно.

- Реклама -

Како да ја поправите вашата шминка за време на топол ден - мрсна кожа

Ако имате сува кожа, навлажнувачкиот крем е вашиот пријател. Исклучително мала количина на навлажнувачки крем нанесете на вашите дланки. Потоа со нежно тапкање вратете ја влагата на лицето онаму каде што е потребно. Клучот е во тапкање на производот, бидејќи на тој начин нема да го отстраните руменилото, бронзерот и останатата шминка. Последниот чекор би бил да се нанеси коректор или матирачка пудра во тенок слој на стратешки места, како што е Т-зоната.

Како да го поправите руменилото!

Руменилото секогаш дава доза на свежина и младешки сјај на кожата, па затоа не е ни чудо како поправањето на руменилото може да го подигне целокупниот мејкап изглед и да го врати одморениот – здрав изглед на кожата.

Квалитетните кремасти руменила се вклопуваат со кожата во сите временски услови, а нивното поправање е олеснето токму поради нивната текстура. Потребно е прво со суво марамче да се впие влагата од површината на образите, а потоа со тапкање да се нанесе руменило.

Како да ја поправите вашата шминка за време на топол ден - кремасто руменило

Трикот што го користиме од своите мајки вели дека карминот може да се користи наместо руменило. Ако сте заборавиле да го земете руменилото, еве шанса да го обновите руменилото на овој начин.

Како да ја поправите вашата шминка за време на топол ден - руменило

Молив за брзи поправки на веѓите!

Добро дефинираните веѓи мора да останат на место цел ден. Кај нив, повторното нанесување е сосема јасно – нанесувањето на производ наутро бара користење на молив за веѓи и гел за фиксирање. Во текот на денот можете да користите само молив, а за брзи поправки на работа и надвор од дома предлагам моливи кои имаат чешле на спротивната страна.

Како да ја поправите вашата шминка за време на топол ден - молив за веѓи

Како да го поправите карминот!

Изгледа дека карминот е наједноставното нешто што треба да го обновите во текот на денот. Тоа може да се направи ако се работи за сјаен, навлажнувачки кармин кој избледува постепено.

Мат текстурите во лето знаат да се исушат на усните и можат да се ронат при повторно нанесување, затоа предлагам мат карминот прво целосно да го отстраните од усните и да нанесете нов свеж слој од кармин.

нанесување на кармин