Летото е годишно време кога мирисните ѕвезди на денот се лесни ноти на цвеќиња, овошје и цитруси, додека ориенталните, гурмански, мошусни, земјени и акорди од мов, смола и килибар се резервирани за вечерните часови.
Сепак, зошто би правеле компромис? Едноставно заменете го вашиот омилен парфем со неговата верзија на крем за тело. Ќе добиете дневна доза нега, хидратација и мирис – буквално од глава до пети, а кога ќе излезете навечер, вклучете го вашиот омилен мирис за совршена „тројка“ во приказната!
Giorgio Armani Sì Body Lotion
Романтичен, цветен, енергичен… Мирисот Giorgio Armani Sì едноставно ви порачува – кажете „да“ на едноставноста, животните радости и независноста.
Со прекрасна, свилена текстура овој лосион за тело ќе ве плени со ноти на круша, мандарина и бергамот во комбинација со фрезија, јагода и манго и база од килибар, ванила и мошус. Мирисот е совршен за лето.
Можете да го порачате онлајн на линкот!
Narciso Rodriguez Narciso Body Lotion
Мирисна средба помеѓу кадифен јасмин, сензуални дрвенести ноти и пудрест мошус – е совршена комбинација за летните вечери. Лесната и свилена текстура на млекото за тело со нежни Narciso ноти е збогатена со витамин Е кој ја хидрира кожата и ја одржува нејзината природна убавина.
Кожата станува мека на допир и хидрирана во текот на целиот ден. Препознатливото мирисно шише во боја на кожа ја отелотворува сензуалноста на женската кожа и заводливата природа на мирисот Narciso.
Lancôme La Vie Est Belle Body Lotion
La Vie Est Belle претставува поглед на животот, инспириран од среќата и задоволството во малите нешта. Самиот парфем се карактеризира со впечатливи ноти на ирис, опкружен со цветови од портокал и јасмин.
Откријте го хранливиот лосион за тело La Vie Еst Belle кој совршено го надополнува мирисот од истоимената колекција. Ја измазнува кожата и ја прави сјајна. La vie est belle – француски термин што значи „животот е убав“, се однесува на изборот на патот до среќата кој ги инспирира другите.
Можете да го порачате онлајн на линкот!
Jo Malone Orange Blossom Body Creme
Кремот за тело Jo Malone Orange Blossom црпи инспирација од времето на Шпанската империја – лесните ноти на цветови од клементина и водени лилјани, предизвикуваат романтична атмосфера која нема да се заборави.
Збогатен со луксузни масла од јојоба, какао и слатки бадеми, овој крем ја хидрира, ја храни и омекнува кожата, притоа оставајќи неодолив мирис на клементина, портокал, крин, лотос, ирис и јоргован.
Dior Miss Dior Fresh Body Creme
Кој не би сакал мирис кој ја открива женственоста на сензуалните цвеќиња и обединува две кралици – розата од Grasse и розата Damascena? Дури и кога се завиткани со лента од свежи ноти од калабриски бергамот, розово дрво и розов бибер.
Кога ќе ги споиме овие мириси со луксузната нега – летото може да започне. Мирисниот крем за тело Miss Dior Fresh нежно се вклопува со кожата и обезбедува удобност и мекост. Неговата свежа и кремаста текстура збогатена со масло од роза ја навлажнува и ја храни кожата без чувство на маснотија. Кожата станува мека, а трагата на Miss Dior се засилува со богатиот мирис на кремот.