Повеќето жени секогаш се „за“ совршен изглед на веѓите. Max Factor создаде нов производ за сите кои се чувствувате исто. Ви ја претставувам маскарата за веѓи Max Factor Browfinity Longwear Brow Tint.
Некој спомна дефинирани веѓи?
Сега можеме да создадеме природно полни, дефинирани веѓи кои траат цел ден со маскарата за веѓи Browfinity од Max Factor.
Долготрајната формула брзо се суши и не ја чувствувате додека ја носите. Благодарение на прецизниот апликатор, нанесувањето е лесно и без размачкување. Двостраниот апликатор дава природно полни и совршено дефинирани веѓи, додека вградената ултра мека четка обезбедува совршен изглед.
Новата маскара за веѓи Max Factor Browfinity доаѓа во три нијанси, со пигменти со природен тон за изглед како вашите природни веѓи, само уште подобро. За моментални и природни резултати кои траат со денови.
5 главни придобивки од користењето на маскарата за веѓи!
#1 Природна нијанса на веѓите која трае со денови!
#2 Отпорна на вода, не се пренесува при допир и не се размачкува од пот!
#3 За професионален изглед на веѓите – изгледаат пополни и подебели!
#4 Помага во обликувањето на веѓите и додава дефиниција!
#5 Формула која брзо се суши, која лесно се чувствува и се нанесува без размачкување!
Како се нанесува?
Чекор 1
Нанесете ја формулата на чисти веѓи користејќи го апликаторот, исцртувајќи линии како влакненца.
Чекор 2
Потоа, користете ја ултра меката четка за да ги блендирате и обликувате веѓите.
Чекор 3
За интензивен изглед, продолжете да нанесувате од производ за поголемо пополнување на веѓите.
Дали сте подготвени да пробате?