- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Мојата вечна потрага по идеален производ кој ќе ја чисти, негува, а истовремено ќе ја потхранува мојата кожа заврши со пилингот зад кој го ставам својот потпис. Тоа беше љубов на прв поглед“ – Лила Филиповска.

Познатата ТВ водителка Лила Филиповска после успешното лансирање на парфемот со нејзиниот потпис, повторно заплови во водите на луксузната козметика, овојпат претставувајќи еден многу посакуван производ, а тоа е лимитирана едиција на Coffee Body Scrub во уникатно луксузно пакување.

Arabica Coffee Scrub by Лила Филиповска

Пилингот со потпис на Лила – Arabica Coffee Scrub е богата комбинација од: кафе арабика, масло од кокос, сладок бадем, макадамија и сол од Мртво море. Оваа формула на кафе и органски масла директно ја потхранува кожата и ги регенерира оштетените клетки. Маслото од сладок бадем и макадамија ја хидрираат и омекнуваат кожата. Пилингот со кафе арабика ја подобрува циркулацијата и ја разубавува кожата.

- Реклама -

За кого е наменет пилингот?

Овој производ е идеален за сите типови на кожа и нуди длабинско чистење на кожата на лицето и на телото. Пилингот придонесува во отстранување на целулит, егзема, акни и стрии. Може да го користат сите – мажи и жени.

Како се користи?

Arabica Coffee Scrub се користи еднаш до два пати неделно и се нанесува на влажна кожа. Со користење на пилингот се постигнува ефект на свиленкаста, еластична и хидрирана кожа со подобрена текстура и беспрекорно подмладена со блескав сјај.

Како да набавите Arabica Coffee Scrub by Лила Филиповска?

Лимитираната едиција на пилингот за лице и тело во уникатно луксузно пакување од 200гр можете да го набавите онлајн, а повеќе информации ќе пронајдете на Инстаграм профилот на Лила Филиповска@lilafilipovska (пратете порака во DM).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on