- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Неодамна лансираниот Blue Retinol Serum, ноќен серум од брендот Biotherm што содржи ретинол, несомнено е еден од најдобрите производи што Biotherm ги лансираше во изминатите 30 години!

Моќта на бионауката достигна ново ниво благодарение на ноќниот серум Blue Retinol. Toa e нова генерација на производ за нега на кожа, кој го комбинира регенеративното дејство на Life Plankton екстрактот со чист ретинол.

Blue Retinol Night Serum

Серум со засилено дејство на чист ретинол!

Станува збор за погуст и нешто побогат серум за кој е потребно извесно време да се впие во кожата поради маслата што ги содржи. Тоа е добра вест! Тоа ќе направи ретинолот да има доволно време внимателно да се ослободи во кожата, што посебно е важно за потенцијално иритирачка, особено за чувствителна кожа.

Biotherm Blue Retinol ноќниот серум содржи Ретинол 0,25%, Ниацинамид во концентрација од 3% и Life Plankton 1% според декларираните податоци од Biotherm. Друга активна состојка што вреди да се спомне е аденозин што служи како клеточно гориво.

- Реклама -

Може јасно да се види дека Biotherm со новиот Blue Retinol Serum всушност испорача производ со големи количини на активни состојки, кои делуваат во синергија и јасно помагаат во спречување на стареењето на кожата, ги намалува брчките, го подобрува квалитетот на кожата, ја прави мазна и го изедначува тенот. Одличен е за акни поради ретинолот и високата количина на ниацинамид во составот на серумот.

серум ретинол

Ефект – придобивки од серумот!

Blue Retinol ноќниот серум за лице со ретинол има исклучително убав финиш по апсорпцијата во кожата, оставајќи моментален сјај кој не е мрсен или леплив. Кожата се чувствува чиста и блескава и подготвена за хидратантен крем.

Серумот на волшебен начин ја измазнува кожата, ги намалува и корегира брчките, текстурата на кожата и го изедначува тенот.

Blue Retinol серумот содржи мирис! Производ како овој требаше да биде без мирис. Иако мирисот не е интензивен, за среќа, за неколку минути целосно го снемува и не може да се забележи.

Retinol Serum apply

Внимавајте како го употребувате!

Серумот се нанесува навечер на претходно темелно исчистено лице. Во текот на првата недела, нанесете два пати неделно, потоа постепено зголемувајте ја употребата на серумот, на секоја втора вечер.

Во случај на чувство на непријатност на кожата, треба да го зголемете интервалот во денови на употреба или да ја намалете количината.

За време на користењето на овој серум, на кожата треба да и дадете добра хидратација. Затоа, нанесете го навечер пред нанесување на хидратантна крема, како дел од вашиот ноќен ритуал. Избегнувајте го пределот околу очите и очните капаци!

Не се препорачува користење на серумот во комбинација со други креми кои содржат ретинол. Додека го користите серумот, избегнувајте директно изложување на сонце и користете производи со заштитен фактор секој ден.

ретинол серум

Заклучок!

Biotherm Blue Retinol серумот е добар производ и дефинитивно вреди да се проба. Јас би препорачала да користите производи што содржат ретинол со најмалку 0,1% концентрација пред да го набавите овој серум за да го минимизирате потенцијалот од иритација.

Biotherm Blue Retinol Night Serum a bottle Biotherm Blue Retinol Night Serum a package