Во парфимеријата Belodore во склоп на хотелот Мериот, беше претставен новиот луксузен мирис на брендот Bond No.9 – Nolita. Гостите собрани во модерното опкружување на парфимеријата Belodore, зрачea со допир на гламур и љубов во знакот на Денот на вљубените.
View this post on Instagram
Со мирисна сензација на парфемот низ воздухот, слатки и бакнежи распослани насекаде, Bond No.9 Nolita ни приреди одлична атмосфера. Мирисната композиција која се карактеризира со иновативно шише и дизајн, беше откриена пред бројните гости.
View this post on Instagram
Nolita – совршен мирис за вљубените!
Се запознавме со женствената нота на фрезија обоена со енергична мандарина, живописна мирисна слика на истоимената населба во Њујорк, наречена Нолита.
View this post on Instagram
Бакнежи од Њујорк за сите вљубени!
Nolita е шармантен, луксузен кварт во Њујорк. Позната по модерната атмосфера, шик шопинг сцена со многу дизајнерски златари, уникатни бутици и продавници со домашен дизајн. Овој кварт стана збиралиште за младите кои ги среќаваме во популарните улични кафулиња, барови и модерни ресторани. За време на викендите, уличните продавачи го изложуваат рачно изработениот накит и уметничките дела.
View this post on Instagram