Топлите летни денови бараат да носиме кратки здолништа и шорцеви, како и лесни фустани и блузи. Но, повеќето од нас поради изгледот не се многу среќни што треба да покажат голи раце и нозе. Ако одлучите да откриете делови од телото повеќе од вообичаеното, тогаш претходно нанесете блескаво бронзено масло. Тоа на волшебен начин ќе ја потенцира убавината на вашата кожа!
View this post on Instagram
Едноставен трик како самите да направите блескаво бронзено масло!
Маслото за тело не само што го подобрува изгледот на рацете и нозете, воедно ја хидрира и храни кожата. Сончевите зраци можат да ја пробијат заштитната бариера на кожата, што доведува до сува и испукана кожа на нозете. Затоа, маслото за тело е совршен летен производ, но ако во него додадете малку бронзер, ќе добиете идеално блескаво бронзено масло за тело со кое ќе изгледате фантастично!
Во парфимериите овој производ најчесто се продава со повисока цена, затоа во продолжение ви нудам едноставен трик, како можете овој посакуван летен производ да го направите дома. Со мешање на само две состојки ќе го добиете истиот ефект на кожата како од скапите купечки бронзени масла за тело!
Магија на телото со 2 состојки!
За да го направите вашето бронзено масло за тело, потребни ви се само 2 состојки: лесно апсорбирачко масло за тело – може да користете бебешко масло и светкава сенка за очи. Наместо сенка, можете да додадете бронзер со светки или потемен бронзен хајлајтер – изборот е ваш!
Направете сами!
Откако ќе ги одредите вашите состојки, постапката да направете домашно блескаво бронзено масло е многу лесна!
Со шпатула издробете ја сенката или бронзерот за да добиете прав. Потоа, во празно шишенце ставете мала количина на масло (околу 30 мл) и додадете 1/4 лажица бронзен прав. Сето тоа убаво измешајте го. Продолжете со додавање на сенка во прав или бронзер сè додека не го добиете посакуваниот интензитет на боја.
Маслото за тело може да изгледа многу темно во шишето, но вашата кожа нема да се обои во таа нијанса. Ефектот врз кожата многу е суптилен и ќе постигнете фантастичен блескав летен изглед. Правот од сенката или бронзерот се таложи на дното на шишето, затоа ќе морате да го протресете пред секоја употреба.