Good Girl Blush е најновата „штикла“ на Carolina Herrera вклучена во линијата на парфеми Good Girl, овој пат во пастелно розово стаклено шише. Новата верзија ја претставува модерната женственост преведена од романтични цвеќиња и двојна доза на екстракт од ванила.
View this post on Instagram
Поразигран мирис од било кога!
Парфимерите Quentin Bisch, Shiamala Maisondieu и Christophe Raynaud работеа на најновото издание на Carolina Herrera. Тие создадоа помек и поразигран мирис од било кога. Инспирацијата ја пронајдоа во иконското Good Girl шише, обоено во пастелно розова нијанса со потпетица која сеуште е сјајно златна. Штиклата е силата на секој женски чевел, а ванилата е замислена како силата на парфемот.
Кремаста ода на ванила која ќе ве заслади со чудесност!
Новиот мирис открива повеќеслојна природа на модерна женственост со двојна доза ванила и пастелен романтизам на божур, предизвикан од две форми на иланг-иланг и вода од роза. Отворањето на мирисот создава блескав допир на цитрус – италијанска мандарина и италијански бергамот, додека ванилата е столбот на мирисот, зајакнат со зрна тонка.
Свежа, цветна експлозија на женственост!
Good Girl Blush Eau de Parfum од Carolina Herrera е свежа и цветна експлозија на контрасти што формираат пудрест израз на женственост.
Розова „штикла“ – толку реална!
Парфемската вода Good Girl Blush доаѓа во шишенца со штикла од 30, 50 и 80 мл.