- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Creed со недели наназад, нè покануваше да го проследиме претставувањето на својот новитет во портфолиото мириси – Carmina, како „Стилско деби од House of Creed“.

Creed Carmina

Модерен, волшебен и заводлив!

Со име кое навестува длабоки, богати црвени бои кои долго се поврзани со високата мода, Carmina е прослава на женственоста со модерна наклонетост.

new fragrance

Современ дрвенесто-цветен мирис за жени!

Carmina Eau de Parfum е претставен како современ дрвенесто-цветен мирис наменет за жени. Carmina е храбар, пикантен мирис кој ќе ве одведе на мирисно патување низ сензитивните точки за кои не сте ни знаеле дека постојат.

- Реклама -

Инспирацијата доаѓа од модните скици на Henry Creed!

Како омаж на кројачкото потекло на куќата Creed, инспирацијата за Carmina доаѓа од модните скици на Henry Creed. Модните цртежи со генерации се пренесуваат низ фамилијата, а неодамна повторно се откриени во приватните простории на Creed бутикот во Avenue Pierre 1er de Serbie во Париз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Creed Fragrance (@creedfragrance)

Фустаните се украсени со богати бои, луксузни ткаенини кои евоцираат гламур и богатство. Carmina претставува дух на смелите и страствени жени кои се наоѓаат на тие скици. Ултимативни хероини кои се подготвени да тргнат во својата следна авантура.

Creed Carmina

Моќно полнење од црна цреша и розов бибер!

Композицијата на мирисот се потпира на моќен сензибилитет. Моќното полнење од црна цреша и розов бибер, се оживува со богатиот сјај на егзотичниот шафран. Тоа дава модерност во срцето проткаено со љубичица и загасита роза. На тоа се додава мистерија олицетворена во заводливите ноти на смирна и темјан. На крајот, амбер и загасит мошус создаваат фузија од моќни, но етерични ноти.

Creed Carmina ingredients

Carmina е фино изработена мешавина!

Creed ветува дека Carmina е фино изработена мешавина со моќно празнење кое ја отелотворува суштината на женската привлечност проткаена со волшебна харизма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Creed Fragrance (@creedfragrance)