Dior Beauty, бренд добро познат по своите производи за шминкање создадени да постигнат беспрекорен тен на лицето во 2020 година оди еден чекор подалеку со проширување на Dior Forever семејството, на кое сега му се приклучува еден од најмоќните коректори.
Dior Forever Skin Correct коректор!
Неговото име е Forever Skin Correct, а се работи за „all-in-one“ коректор чија постојаност е проценета дури до 24 часа. Покрај тоа што нуди прикривање на недостатоците, истовремено ја храни кожата, а со нанесување во еден потег истовремено обезбедува неколку ефекти: ги неутрализира темните кругови околу очите, го намалува појавувањето на црвенилото, мозолчињата и другите несовршености… Не се вовлекува во фините линии и брчките и постојан e на лицето од утро до вечер, откриваат од Dior. Новиот адут на Dior Beauty исто така е некомедогенски производ и дерматолошки тестиран.
24 часовна моќ на покривање!
Коректорот може да се надоградува до саканиот интензитет и на лицето може да се користи локално, на одредена проблематична зона или на цело лице. Концентрираната формула покрај тоа што нуди 24-часовна моќ на покривање, обезбедува и 24-часовна нега за мазна и хидрирана кожа, дури и кога носите шминка. Со овој коректор од Dior Beauty, тврдат дека со континуираната употреба кожата ќе изгледа подобро и поквалитетно.
Како креативниот директор на Dior Beauty, Peter Philps го користи овој коректор?
Коректорот Forever Skin Correct го нанесува после добро изблендирана Dior Forever течна пудра, а со коректорот се фокусира на областите на кои им е потребна дополнителна покривност, како што се пределите околу очите, носот и усните каде се појавува црвенило и на местата каде се појавуваат мозолчиња… Коректорот доаѓа со апликатор, а Philps го блендира со прст или четка.
Коректорот наскоро треба да се најде во парфимериите, за што секако ќе ве информирам и ќе споделам со вас каде можете да го купите и по која цена.