- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Маскарата која го освои светот веднаш по лансирањето е Lash Clash од брендот YSL Beauty. Тоа е маскара за сите оние кои се осмелуваат да бидат различни. Оваа иновативна маскара носи предизвикувачки волумен, најголем до сега и overnoir couture црна нијанса со која трепките ќе бидат најтемни досега, а секоја трепка дефинирана.

Професионално дизајнирана со формула за волумен и патентирана четка за шокантно предимензиониран ефект, маскарата Lash Clash е сведок на силна и смела генерација која не се плаши да биде различна.

YSL mascara visual

Најхрабриот дизајн досега!

Во пакување со најхрабар дизајн досега, инспириран од високата мода, YSL одлучи да го замени своето легендарно златно пакување со целосно црна overnoir нијанса, исто како нијансата на самата маскара. Оваа исклучителна формула создава до 200% волумен, а ја краси неверојатна издржливост до 24 часа.

Yves Saint Laurent Lash Clash mascara package

- Реклама -

Формула за најголем волумен!

Формулата на Lash Clash обезбедува невиден волумен на YSL маскарата, но и пигментација, благодарение на иновативните состојки на текстурата, екстремно црни пигменти и состојки против размачкување. Ова е најгуста текстура на маскара која некогаш е дизајнирана во YSL лабораториите и содржи најмодерна мешавина на состојки за поголем волумен со смела интензивна боја. Иновативната текстура, мешавина на восок и масло во вода, комбинација на полимери кои формираат филм и состојки за долготрајност кои овозможуваат густа, но кремаста текстура на Lash Clash маскарата, овозможуваат погусти трепки веднаш по нанесувањето.

Yves Saint Laurent Lash Clash mascara

Со само неколку потези Lash Clash додава до 200% волумен и создава шокантен, предимензиониран впечаток, со формулата која издржува до 24 часа. Тој впечаток ќе трае без разлика како ќе го поминете денот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YSL Beauty Official (@yslbeauty)

Overnoir Couture црна нијанса и нега на трепките!

Lash Clash обезбедува целосно ново црно искуство со екстремно црни пигменти и ако тоа не доволно црно, финиш со overnoir couture нијансата. Високиот сооднос на фини дисперзирани честички од црн железен оксид во проѕирна база ги прави трепките интензивно црни, смели и полни, иновација за сите зависници од црна маскара.

Lash Clash mascara brush

Формулата без мирис на маскарата Lash Clash е збогатена со екстракт од фирентински ирис од градините на YSL, кој им помага на трепките да останат полни, меки на допир и со поздрав изглед.

YSL Lash Clash mascara ingredients

Како да постигнете максимален волумен на трепките?

Покрај формулата, текстурата и четката, за да создадете максимален волумен важно е да се придржувате на неколку клучни совети:

mascara Before & After

#1 Започнете со нанесување од коренот на трепките на внатрешниот агол на окото, а потоа поминете со четката низ трепките во насока нагоре и нанадвор.

#2 После тоа, насочете ги трепките нагоре кон коренот и држете ги накратко во таа положба пред да ги исчешлате кон горе за да ги раздвоите и издолжете.

#3 Следниот чекор е да нанесете маскара на трепките со цик-цак движења од коренот до врвот, со што ќе го зголемите волуменот и ќе ги одделите трепките, а потоа користете го само врвот на четката за да нанесете маскара на поединечните трепки на надворешниот агол на окото. На крај, нанесете маскара на долните трепки со цик-цак потези надолу, од коренот до врвовите, за да го подобрите волуменот и да ги расчешлате трепките.

Овде пронајдете ја новата маскара YSL Lash Clas.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YSL Beauty Official (@yslbeauty)