Lancôme во 2019 година го лансираше женскиот мирис Idôle најавувајќи го како револуционерен мирис, инспириран од модерната генерација на жени кои создаваат свои правила за успех. Сега Lancôme ја претстави новата верзија Idôle L’Intense – опишан како поинтензивен и посмел парфем, осмислен да остави „единствена трага“.
Idôle L’Intense ја нагласува природната убавина на цвеќето!
Креиран врз основа на три цветни состојки, Idôle L’Intense ја нагласува природната убавина на цвеќето. Розата – безвременскиот симбол на Lancôme е присутна преку апсолут розата од Grasse и свежиот зелен мирис на латици од Isparta розата. Цветното трио го обезбедува јасминот со својата кадифена текстура и лесни овошни тонови. Основата на мирисот комбинира два вида на пачули и кедар, дрво од багрем и сандалово дрво, заокружени со ванила бурбон од Мадагаскар.
Трио на женски парфимери го создадоа мирисот!
Во знак на прославата на женскиот колективен успех, трио на женски парфимери кои го создадоа оригиналот мирис, исто така го потпишаа новото издание. Секоја родена на различен континент, Shyamala Maisondieu, Nadège le Garlantezec и Adriana Medina, ги претставија своите индивидуални култури и личности за да го создадат овој мирис.
Темна розова нијанса со металик сјај го краси новиот дизајн на шишето!
Тенкото парфемско шише е практично и секогаш погодно за патувања, овој пат во потемна розова боја со металик сјај. Металик сјајот на задниот дел и на страните на шишето и елегантна силуета на предната страна го красат новиот дизајн.
Заштитно лице на рекламната кампања е актерката Zendaya.
Lancôme Idôle L’Intense е достапен во 25, 50 и 75 мл, како Eau de Parfum Intense.