- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Современиот машки парфем на брендот Dior – Dior Sauvage – беше претставен во 2015 година како ароматичен – fougère машки мирис. Sauvage Very Cool Spray е неговата свежа варијанта што беше лансирана пролетта 2017 година и проследена со Eau de Parfum верзијата во 2018 година со ориентални и ванила акценти. Од Dior подготвени се за лансирање на новиот Sauvage Parfum.

Богат и опоен ориентален машки парфем!

Dior Sauvage Parfum е ново, високо концентрирано толкување на оригиналот, мирис инспириран од пејзажи на степа во Северна Америка осветлени од месечина, темно небо и логорски оган. Парфимерот на Dior, François Demachy ја креираше мирисната композицијата со комбинирање на екстремна свежина со топли, ориентални тонови. Резултатот е богат и опоен ориентален машки парфем.

- Реклама -

François Demachy – Ја задржав моќната душа на Sauvage!

„Sauvage е бесконечен резултат. Неговата неверојатно густа композиција е обликувана со суптилни нијанси за создавање на уникатен блесок на светлина. За Sauvage Parfum, го замислив моментот кога интензивната свежина ја задоволува мазната ориентална длабочина. Ја задржав моќната душа на Sauvage, давајќи му ноќни акценти, животинска привлечност и сестрани аспекти“ – François Demachy, парфимер-креатор на Dior.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Parfums (@diorparfums) on

Сандалово дрво со богати нијанси и исклучителни квалитети!

Сандаловото дрво во новиот машки парфем Sauvage Parfum потекнува од плантажите во Шри Ланка со кои брендот Dior соработува повеќе од 10 години, се одликува со богати нијанси и исклучителни квалитети добиени од посебни земјоделски пракси.

Новиот Dior Sauvage Parfum е достапен во 60 и 100 мл, како Parfum.