Лицето секогаш е изложено на сонце! Затоа, заштитата од сонце треба да биде дел од нашата секојдневна рутина, а не само кога сме на плажа.
Најлесна и најефективна формула за заштита од сонце!
Новата, ултралесна Hydro Protect СПФ50+ од Eucerin, за заштита на лицето од сонце е резултат токму на потребите на корисниците да имаат ултра лесна крема која лесно се нанесува, не остава лепливи траги, а истовремено обезбедува најголема заштита од УВА, УВБ зраци и ХЕВИС светлината. Оваа крема дополнително го поддржува и обновувањето на ДНК на кожата, благодарение на хидротехнолошки комплекс и напредната спектрална технологија.
Погодна е за повеќе типови на кожа – нормална, чувствителна, зрела, мрсна и склона кон акни, пигментирана кожа. Содржи и обоени пигменти за инстантно изедначување на тенот и декоративно-козметички ефект.
Ефикасност во четири сегменти со ултралесната крема Eucerin Hydro Protect СПФ50+
#1 Многу висока заштита за лице од сонце!
Advance Spectral Technology е технологија со заштитен знак на Eucerin која обезбедува многу висока заштита на кожата на лицето од УВА/УВБ зраци и сина светлина. Комбинира широкопојасни и фотостабилни УВА и УВБ филтри, а антиоксидантот Licohalcone A ги неутрализира слободните радикали од УВ зраците и ХЕВИС светлината.
#2 ДНК заштита на кожата!
Глициретинската киселина, која се извлекува од корените на растението сладунец, има антиоксидантни и антиинфламаторни својства за кои е докажано дека помагаат во поправка на ДНК на клетките оштетени од УВ зрачењето.
#3 Нов Hydro-tech Complex!
Новиот hydro-tech complex ја хидрира кожата преку комбинација на хијалуронска киселина, природни навлажнувачки фактори и глицерин. Формулата не е мрсна и не е леплива, има лесен, пријатен мирис, брзо се впива и не остава траги. Како резултат на тоа, кожата е длабоко хидрирана, се чувствува свежо и изгледа одлично. И што е подобра мотивација од тоа да ја користите новата ултралесна крема-флуид за заштита од сонце Hydro Protect СПФ50+ секојдневно и повторно да ја нанесувате по потреба?
#4 Чиста формула и еколошки пакувањa!
Формулата на новата ултралесна крема-флуид за сончање Hydro Protect СПФ50+ не содржи микропластика, октокрилен и хомосалат (типови на УВ филтри). Картонската амбалажа е изработена од хартија со сертификат ФСЦ. Шишето и капачето се направени од рециклирана пластика. Овој еко-пријателски пристап за развој на производи и пакувања е дел од програмата на Eucerin до 2025 година за одржлив развој.
Секојдневна употреба!
Кремата-флуид е погодна за секојдневна употреба. Кремата за сончање не е само за на плажа, туку треба да биде дел од нашата секојдневна рутина. Дури и умереното изложување на сонце може да има негативно влијание врз нашата кожа.
Достапна во аптеките!
Ултралесната крема-флуид за заштита од сонце Hydro Protect СПФ50+ од овој месец е достапна во аптеките во земјава во пакување од 50 мл.