- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Влезот во светот на Frederic Malle значи да ја негувате својата слобода и стил, да пронајдете мирис кој ја изразува вашата индивидуалност, одговара на вашето најдлабоко јас и станува потпис на вашиот идентитет.

Frederic Malle на најголемите светски парфимери им даде апсолутна креативна слобода да можат слободно да создаваат парфемски ремек-дела. Заедно креираат еклектична колекција од ретки, иновативни и безвременски мириси.

Frederic Malle perfumer

Зграбете ја извонредната, минлива убавина на волшебни моменти во шишенце со суптилна снага на цвет. Секој парфем е потполно различен и дава подеднакво деликатно искуство: зелена идила на англиска градина во зора, сино-бела динамика на денот поминат на плажа во сурфање, гламурозна успореност на плажата под златното сонце. Заедно и одвоено, тие се сеќавање на летото, сон за тоа што може да биде: минливо и совршено, но потполно живо.

En Passant – Здив на јоргован!

Свежа, чиста, транспарентна женска композиција, лесна и неостварлива како ветре. Но, упорно ветре кое пука со мирис на јоргован.

- Реклама -

En Passant visual

En Passant е персонификација на модерна романса. Фотошоп верзија на јоргован која е најпосакуваната во парфемите. Зелена, суптилна и слатко заводлива, а во исто време и остра, светла и со многу нијанси.

Frederic Malle En Passant a bottle and box

Eau de Magnolia – Цветен цитрус!

Беспрекорно продолжение на магнолија во прекрасен унисекс парфем.

Eau de Magnolia visual

Ако En Passant е градина на утринската будност. Eau de Magnolia претставува совршено попладне: динамично, светло и возбудливо. Праска, бергамот и сува слива носат суво слатка свежина, додека долните ноти на парчиња мов даваат интригантно темен контраст на светлината и сенката, како под дрво во полн цвет и електрично сино небо над немирниот Атлантик.

Frederic Malle Eau de Magnolia visual a bottle and box

Bigarade Concentree – Океан од софистицирана свежина!

За оние мажи и жени кои веруваат дека заведувањето се наоѓа во чистотата и совршенството. Парфем дизајниран да го обновува својот носител со секое прскање.

Bigarade Concentree visual

Bigarade Concentree е луксузен во својата очигледна чистина, како свежина на бела кошула: минимален и прозрачен. Сепак, под едноставната површина се кријат неочекувани ноти – чувство на топла кожа и јасен мирис на сексипил кој се развива додека трае. Океан од софистицирана свежина, своевиден „overdose“ на извонредно префинета есенција на горчлив портокал во комбинација со кардамон и розов бибер и дрвенеста база на мирис на сено и кедар.

Frederic Malle Bigarade Concentree a bottle and box

Rose & Cuir – Бурна воздржаност!

Роза видена низ очите на современ уметник во заносно унисекс издание.

Rose Cuir visual

Rose & Cuir се отвара на нагласената реинтерпретација на роза: чиста, бескомпромисно модерна. Сепак, овде се крие и тивка олуја: ветивер и кедар кој даваат темен, таинствен мирис на кожата која ја прави оваа композиција драматична и препознатлива.

Frederic Malle Rose Cuir a bottle and box

Каде можете да ги пронајдете мирисите на Frederic Malle!

Влезете во светот на Frederic Malle. Посетете ги парфимериите FABUspot.

collections