Изгаснете ја жедта на својата кожа!
Ако барате производ кој совршено ќе ја хидрира вашата кожа, вие сте на вистинското место! Garnier претстави единствена фузија на алое вера и хидратантен гел – Hyaluronic Aloe Jelly. Веројатно веќе знаете дека алое вера е корисна и дека хијалуронската киселина прави чуда за кожата. Иновативниот навлажнувачки гел, Hyaluronic Aloe Jelly ги спои двете состојки во неодолива гел формула и тоа со 96% природни состојки!
Иновативна гел текстура!
Производите за секојдневна нега на кожата со форма на гел се популарни во светот на убавината. Garnier е во чекор со трендовите и ја создаде Hyaluronic Aloe Jelly. Можеби сте навикнати да користите креми за лице, но откако ќе ја испробате Hyaluronic Aloe Jelly, ќе ги видите сите придобивки од гел текстурата.
Производите со гел текстура се полесни од кремот, одлично ја задржуваат влагата и се ефикасни во навлажнувањето на кожата. Кога ќе нанесете Hyaluronic Aloe Jelly на лицето, ќе ви биде јасно колку е пријатна гел текстурата, колку придонесува за хидратација и како дава чувство на свежина без масни траги.
Совршена фузија: Алое вера и хијалуронска киселина!
Алое вера е корисна билка која има многу позитивен ефект врз кожата, давајќи потребна хидратација без масно чувство на лицето. Од друга страна, хијалуронската киселина која природно се наоѓа во кожата, ја обновува енергијата и ја хидрира, го намалува појавувањето на фини брчки, а доколку редовно користите производи со хијалурон, вашата кожа ќе биде помека, понежна и со здрав сјај. Она што оваа супстанца ја прави уникатна е тоа што може да задржи 1000 пати повеќе количина на вода, со што ќе ви овозможи најдобра можна хидратација. Како што можете да видите, овие две состојки самостојно нудат големи придобивки за кожата, а замислете колку ќе биде благотворна нивната комбинација.
Затоа од Garnier доаѓа хидратантен гел, Hyaluronic Aloe Jelly, кој ги спојува овие две состојки. Пробајте го и ќе ве воодушеви со придобивките од органската алое вера во комбинација со навлажнувачките својства на природната хијалуронска киселина, како и иновативната, свежа гел текстура.
Состојки од природно потекло!
Garnier апсолутно e посветен на создавање производи засновани на природни состојки, а посветен е на зачувување на животната средина, одржлив развој и опстанок на светот за идните генерации. Поради ова, хидратантниот гел Hyaluronic Aloe Jelly е направен од 96% природни состојки, содржи органска алое вера и хијалуронска киселина од природно потекло, така што можете да бидете сигурни дека го добивате најдоброто од природата. Останатите 4% обезбедуваат пријатна текстура и добра трајност на формулата.
Garnier, се разбира!