Guerlain лансира нов мирис од линијата Guerlain L’Homme Idéal – изданието Extrême. Оригиналниот L’Homme Ideal беше претставен во 2014 година, по што следуваа изданијатата: L’Homme Idéal Cologne од 2015 година, L’Homme Idéal Eau de Parfum од 2016 година, L’Homme Idéal Sport од 2017 година, L’Homme Idéal L’ Intense од 2018 година и L’Homme Idéal Cool од 2019 година.
Ориентален, дрвенест и зачински мирис!
Ориентален, дрвенест и зачински мирис, новиот L’Homme Idéal Extrême нуди чувство на удобност со длабоки и нежни ноти на бадем, слива, кедар и тутун, заедно со други зачини, цветни и дрвенести акорди. Thierry Wasser, парфимерот на брендот Guerlain, реши да истражи нови аспекти на бадемот, кој претставува мирисен потпис на линијата, но овој пат додавајќи ориентални, дрвенести и зачински ароми покрај посебниот карактер на тутунот.
Guerlain L’Homme Idéal Extrême е достапен во 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.