- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ако крстарите на Интернет сигурно сте слушнале за терминот „hygge“ и верувам дека повеќето од вас не знаете што точно значи. Тоа е дански термин што значи „квалитетна удобност во домот, што дава чувство на задоволство“. Најблискиот превод е „удобност и практичност“. Овој скандинавски тренд одеднаш стана многу популарен, затоа ви носам неколку совети како да се опуштите и да се негувате со hygge бјути рутината.

Ќе изгледате убаво и ќе се чувствувате удобно!

Класичниот hygge амбиент е дом дополнет со перници, ќебиња и релаксирање со чаша чај. Додека првично беше стил на живеење, hygge филозофијата го пронајде својот пат до убавината. Совршена за студените зимски ноќи и денови кога сте завеани дома, hygge рутината за убавина ве тера да изгледате убаво и да се чувствувате удобно.

# 1 Пилинг на кожата!

Пилингот не мора да биде груб – што е спротивно на hygge филозофијата, но треба да биде нежен и релаксирачки. Започнете со пилинг на лицето со производ со кремаста основа. Кремастите пилинзи користете ги на сува и чиста кожа. Со прстите, нежна нанесете го пилингот на вашата кожа. Исплакнете го лицето темелно со млака вода и повторете го процесот на усните за помеки и измазнети усни.

# 2 Ставете повеќе маски на лицето!

Не постои правило според кое сте „осудени“ на само една маска за лице. Всушност, може да биде многу корисно ако користите повеќе маски одеднаш, т.н. „multimasking“. Значи, нанесете маска за чистење на Т зоната, а хранлива, кремаста маска на образите. За дополнително уживање, ставете  подебел слој на мелем за усни.

- Реклама -

# 3 Измазнете ја кожата околу очите!

Краставиците веќе долго време се користат за смирување и навлажнување на кожата околу очите, но тие не се практични кога сакате да уживате во hygge ритуалот, бидејќи се лизгаат од кожата. Затоа ви предлагам да користите специјална маска за очи во форма на натопени туфери, кои се нанесуваат под очите. Сè што ќе остане на кожата од таа маска, треба да се втрие со прстот.

# 4 Не заборавајте ја вашата коса!

Лицето не е единствено место што бара посебно внимание, водете сметка и за вашата коса. Треба да и дадете нешто посебно како sheet маските за коса или изберете квалитетна маска за коса која ќе ја нанесете по должина, потоа завиткајте ја во пунџа, покријте ја со кеса и ставете турбан на главата. Оставете ја маската 30 минути пред да ја исплакнете.

# 5 Крем за нозе и топли чорапи!

Ништо повеќе не потсетува на удобна ноќ од топли зимски чорапи. Облечете пижами и опуштете се. Нанесете подебел слој на крем за стапала, а потоа ставете најлонски кеси врз нозете пред да ги облечете омилените топли чорапи. На овој начин, кремот многу подобро ќе се апсорбира и ќе дејствува длабоко.