Intense Repair Youth Oil-in-Balmе нова извонредно сензорна креација, базирана на уметноста на Guerlain во креирањето на маслените формули. Новиот моќен мелем додаден е во колекцијата Abeille Royale која е наменета за регенерирање на кожата.
Моќта на Advanced Youth Watery Oil сега концентрирана во мелем за интензивна регенерација!
Oil-in-Balm е специјално дизајниран за потребите на сувата кожа, ослабена од климатските промени – ладно, ветровито, влажно или топло време, носењето на маските или пак влијанието на стресот.
Всушност, сите овие секојдневни ситуации имаат склоност да ја променат кожната бариера и да создадат кревка, слаба кожа. Овие услови ја спречуваат способноста на кожата да се регенерира и водат до предвремено стареење. Abeille Royale Intense Repair Youth Oil-in-Balm одговара на овој тип на кожа и овозможува брза, комплетна и ефикасна регенерација на кожата, враќајќи го младешкиот сјај.
Моќна технологија за интензивна регенерација!
Тајната на интензивната моќ на Youth Oil-in-Balm лежи во динамичната BlackBee Repair технологијата. Лабораториите на Guerlain имаат супер концентриран мед од островот Ouessant, за моментална акција против дневниот стрес и нарушувањето на механизмот за саморегенерирање на кожата.
Формула е збогатена со Cicawax Complex, која ги комбинира познатата Centella asiatica – „тигарска трева“ за смирување на кожата и путер од пчелен восок кој ги задржува молекулите на водата во неговото јадро. Заедно обезбедуваат оптимална рамнотежа на потхранување и хидратација кои се од суштинско значење за интензивно регенерирање.
Луксузна текстура дизајнирана за секое нанесување!
Хибридната текстура овозможува вистинско, сензорно задоволство и има изглед на моќен мелем. При контакт со кожата, молекулите на маслото и водата задржани во путерот од пчелен восок се ослободени во вистинска количина. Мелемот се трансформира во лековита текстура со ефект на „завој“ која е хранлива и заштитна, без да остави масен финиш на кожата.
За кого е наменет?
Oil-in-Balm е наменет за секојдневна употреба на лицето, вратот и горниот дел од градите, наутро и навечер штом кожата ќе започне да покажува знаци на замор. За интензивна удобност, нанесете подебел слој, како маска. Оставете да делува 10 минути, а потоа измасирајте го виошокот. Уште подобро, оствате да делува во текот на ноќта. Може да се користи за регенерирање на суви или ослабени области на телото.
Пакување инспирирано од саќето!
Youth Oil-In-Balm доаѓа во пакување од 80 мл во форма инспирирана од саќето, во согласност на стандардите за еко-дизајн на Guerlain. Шишенцето е од рециклирано стакло, како и картонска кутија која се рециклира.
View this post on Instagram