Мирисната колекција Gucci Bloom нè изненадува со нов женски мирис Gucci Bloom Profumo di Fiori кој ќе ве маѓепса со тропски и пријатни афродизијачки ароми на ylang-ylang, измешани со опојни бели цвеќиња и веќе добро познатиот акорд што се наоѓа во сите мириси од Gucci Bloom линијата, а тоа е Rangoon Creeper – кинеска билка Орлови нокти, вид на растение со црвени цветови со потекло од тропска Азија.
Alberto Morillas ја потпишува мирисната креација!
Мастер парфимерот Alberto Morillas ја потпишува целата мирисна линија Gucci Bloom, но овој пат избра цветна алијанса на ylang-ylang, тубероза и кинеска билка Орлови нокти за да создаде софистициран, егзотичен мирис поткрепен со дрвенести ноти, пудрести фини ноти на корен од ирис, длабоки и топли смоли и меки мошусни нијанси. Јасмин Самбак ја нагласува белината на цветното срце и го збогатува сончевиот ефект на композицијата заедно со деликатните пупки од јасмин.
Шишето на Gucci Bloom Profumo di Fiori е со истиот дизајн како претходните изданија!
Шишето на новиот мирис Gucci Bloom Profumo di Fiori е со истиот дизајн како претходните изданија на Gucci Bloom мирисната колекција, но со светло жолта боја на шишето, инспирирана од самата композиција. Надворешното пакување исто така е направено како претходните изданија со цветен принт на Toile de Jouy Herbarium House.
Рекламна кампања со четири жени, избрани да ја претстават виталноста и разновидноста на брендот!
Рекламната кампања претставува четири жени кои според креативниот директор на брендот Gucci – Alessandro Michele беа избрани да ја претстават виталноста и разновидноста на брендот Gucci – актерката Anjelica Huston, пејачката Florence Welch, актерката Jodie Turner-Smith и дизајнерката Susie Cave.
Gucci Bloom Profumo di Fiori е достапен во шишиња од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.