Keune Haircosmetics е најголемиот холандски производител на професионални производи за коса. Оваа стогодишна семејна традиција започна уште во 1922 година со Jan Keune – фармацевт од Амстердам. Оттогаш, Keune прерасна во мултинационална компанија, а притоа не ги загуби своите традиционални и семејни вредности. Брендот е присутен во повеќе од 80 земји низ светот, а целиот бизнис сè уште е воден од семејната компанија.
View this post on Instagram
Креирајте прекрасна коса со уметност! Keune X Joseph Klibansky
Брендот Keune веќе 100 години ги мотивира стилистите од целиот свет. За да ја прослави стогодишнината, Keune се здружи со уметникот Joseph Klibansky и заедно ја создадоа лимитираната колекција полна со уникатна уметност – Keune X Joseph Klibansky. Оваа неверојатна и прекрасна соработка создаде неколку креации без граници. Синергијата на индустријата за убавина и уметноста достигна ново ниво.
Пена, спреј, гел или серум? Сега вашите спасители се достапни!
Колекцијата е украсена со специјално дизајнирана амбалажа со прекрасен и неверојатен изглед. Иновативните производи за стилизирање на косата можете да ги најдете во специјализираните Keune фризерски салони.
View this post on Instagram
Style Ultra гел
Гел за денешните фризури и за оние кои сакаат интензивен сјај и неверојатно држење на косата. Ултра гелот нуди и топлинска заштита на косата. Затоа, земете фен и забавувајте се трансформирајќи ја косата со природна дефиниција и текстура.
Style Freestyle спреј
Неизбежен завршен допир на секоја фризура, за коса која и треба супер сјај! Спреј за коса за силно, целодневно зацврстување. На косата и дава природен сјај, но ја почитува слободата на разиграна коса. Содржи УВ филтер.
Style Strong пена
Има моќ да додаде неверојатен волумен и исполнетост на косата, со убав допир на сјај. Полимерите за стајлинг ја одржуваат косата со стил, додека пантенолот ја негува и ја зајакнува косата.
The Royal Tribute Hair серум
Мултифункционалниот серум Royal Tribute е круна на оваа линија. Има нежен мирис инспириран од лалињата. Серумот збогатен со витамин Е на косата и дава совршена мазност и здрав сјај. Royal Tribute името го доби по титулата што кралското семејство му ја додели на брендот Keune на стогодишнината од успешното претприемништво.
Тие со карактер бираат Keune