Додека ја чекаме втората сезона од серијата Emily in Paris, која минатата година за момент го полуде целиот свет, од Lancôme доаѓа колекција за убавина која го носи тој специфичен француски амбиент што Emily успешно го долови во серијата.
Лимитирана колекција на производи од Lancôme
Култниот француски бренд Lancôme најави лансирање на лимитирана колекција на производи за шминка, козметика и парфем инспирирани од серијата Emily in Paris. Самата соработка не е толку неочекувана со оглед на тоа што актерката Lily Collins, која го отелотворува главниот лик во серијата, со години е глобален амбасадор на овој водечки бренд за убавина.
„Со оваа колекција, Lacôme го слави парискиот joie de vivre (радоста на живеењето) и шармот на серијата Emily in Paris. Донесуваме начин како дома да ја пресоздадете и интерпретирате специфичната француска убавина, гламур и софистицираност“, рече глобалната претседателка на Lancôme, Francoise Lehmann, при најавата на колекцијата.
Сите во знакот на Париз!
Оваа колекција наречена For the Love of Paris ќе биде лансирана во ноември, неколку недели пред излегувањето на новата сезона од серијата Emily in Paris. Како што сугерира името на колекцијата, црвената и розовата боја на амбалажа ќе асоцира на романтичното расположение во познатиот Град на светлината.
7 врвни производи од Lancôme
Бјути колекцијата вклучува 7 производи, меѓу кои ограничено издание на Advanced Génifique серумот, палета во облик на срце со 12 сенки за очи и познатиот и посакуван мирис Idôle. Сите производи се визуелно поврзани со серијата користејќи го мотивот на Ајфеловата кула, кој ќе им биде познат на сите обожаватели на Emily и нејзиниот незаменлив привезок на чантата.
Ѕвездата на колекцијата е палетата со сенки за очи составена од 12 нијанси наменети да создадат три специфични мејкап изгледи – оној што Lancôme го нарекува Born in France (нуд и беж нијанси), Parisian at Heart (игра со бои) и Paris a La Folie (темни и интензивни нијанси).
Производите за шминкање во колекцијата се заокружени со специјалното издание на Monsieur Big Volumizing маскарата и три мат париски совршени нијанси на карминот L’Absolu Rouge: Attrape Coeur, French Tea и Rouge Pigalle, од кои вториот е совршена црвена нијанса за ноќна прошетка низ Градот на светлината.
Омилениот серум за лице Advanced Génifique од Lancôme е вклучен во колекцијата For the Love of Paris, како и женскиот мирис Idôle Eau de Parfum со својата мека, но сочна мешавина на ноти од роза и јасмин.
Производи облечени со шармот на Emily
Новата колекција на Lancôme X Emily in Paris претставува сè-во-едно од парискиот гламур преку специјален избор на производи од Lancôme облечени со шармот на Emily.