- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Пудрата е производ за шминка која има способност да ги трансформира и успешно да ги прикрие сите несовршености на кожата на лицето. Една пудра која се издвои и за кратко време стана вирална на TikTok е новата L’Oréal Paris Infallible 24h Fresh Wear компактна пудра. За неа, жените ширум светот тврдат дека е повеќе од пудра. Едноставно, шминката не е целосна без неа!

Да бидам целосно искрена, повеќе преферирам пудри со течни формули, но откако на TikTok видов што може да направи оваа компактна пудра, посакав да го почувствувам тој ефект на сопствена кожа.

Test Ubavina za site L'Oréal Paris Infallible 24h Fresh Wear Foundation in a Powder kompaktna pudra

Што знаеме за Infallible Fresh Wear Foundation in a Powder?

Како прво, знаеме дека оваа пудра стана толку вирална што извесно време беше невозможно да се набави, како во светот, така и кај нас. Ова не изненадува, бидејќи гледавме видеа на TikTok каде несовршеностите како акни или пори, исчезнаа само со еден потег на оваа пудра. Неверојатно!

Знаеме и дека Infallible Fresh Wear Foundation in a Powder обезбедува висока покривност со само едно нанесување и издржливост до 24 часа. Пудрата остава природен мат финиш без траги и е отпорна на влага и пот. Со оглед на тоа што покрива како течна пудра, а матира како компактна пудра, не е ни чудо што жените цврсто тврдат дека тоа не е само уште една основа за шминка во морето од пудри!

- Реклама -

Секако, морав самата да се уверам во се што се тврди на TikTok, како и претходно споменатите спецификации на производот. Затоа, решив оваа пудра да ја ставам на тест!

Test Ubavina za site Maja Tilevska L'Oréal Paris Infallible 24h Fresh Wear Foundation in a Powder kompaktna pudra

Време е за тест!

Признавам и покрај сите прегледани видеа, како љубителка на течни формули, првично бев скептична за покривната моќ на овој новитет од L’Oréal Paris. Се чинеше премногу добро за да биде вистина тврдењето дека компактната пудра може да ги има сите придобивки од течната пудра и обратно. Сепак, ајде да откриеме како функционира овој производ на дело.

По утринската нега на кожата, ја започнав рутината за шминкање со прајмер и обликување на веѓите, а потоа дојде редот на лицето. Го отворив пакувањето на Infallible Fresh Wear пудрата и ме пречека сунѓер за нанесување и блендирање, заедно со огледалце.

Ова е одлична вест за девојките кои постојано се во движење. Истото важи и за амбалажата која има практична форма и големина и лесно може да се смести во чанта.

Test Ubavina za site L'Oréal Paris Infallible 24h Fresh Wear Foundation in a Powder kompaktna pudra

Сунѓерот го натопив во пресуваната формула и полека го нанесов производот на кожата на лицето… Ова е вистинскиот TikTok ефект на дело! Формулата е толку лесна и пудреста што имав впечаток како да немам ништо на кожата. Самото нанесување на Infallible Fresh Wear компактната пудра е едноставно и брзо, без многу напор и дополнително измазнување. Ова е совршен производ за оние утра кога брзаме и не знаеме што побрзо да направиме! Кожата изгледа некако чиста, без мани, како да ставив некој филтер од Инстаграм. Секако, шминката ја комплетирав со маскара и кармин, за практичен, но ефикасен мејкап изглед.

Test Ubavina za site Maja Tilevska L'Oréal Paris Infallible 24h Fresh Wear Foundation in a Powder kompaktna pudra

8 часа подоцна…

Кога цел ден треба да го поминам надвор од домот, предизвикот е да се вратам дома со иста количина шминка. За среќа после неколку часа се е на свое место! Ова значи дека спецификацијата на етикетата на L’Oréal Paris Infallible 24h Fresh Wear Foundation in a Powder ја зборува вистината и дека ова очигледно е долготраен производ, отпорен на влага и пот.

Заклучок?

Донесов одлука да ја прифатам компактната формула за пудра, бидејќи ова е производ кој искрено секоја жена го посакува! Благодарност до TikTok и жените ширум светот за одличната препорака, бидејќи L’Oréal Paris Infallible 24h Fresh Wear компактната пудра навистина е повеќе од пудра!

Test Ubavina za site Maja Tilevska L'Oréal Paris Infallible 24h Fresh Wear Foundation in a Powder kompaktna pudra