Секој има нешто на кое секогаш му се враќа. За мене тоа е совршената маскара Max Factor 2000 Calorie!
Повторно осмислено пакување!
Маскарата 2000 Calorie сега е со нов изглед за да се прослават 30 години создавање на незаборавни трепки. Култната маскара може да се најде во ново пакување, со уште поубав и поатрактивен дизајн.
Ви ја претставувам 2000 Calorie маскарата во целосно ново издание!
Безвременската елеганција на трепките никогаш нема да излезе од мода. Маскарата Max Factor 2000 Calorie во шминката е еквивалент на прекрасен секојдневен црн фустан. Апсолутно нешто кое е задолжително!
Обожавана маскара од мејкап артистите повеќе од 30 години!
Таа е уникатна, создава до 3 пати поголем волумен и е омилена кај мејкап артистите повеќе од 30 години.
Лесната формула дава долготраен ефект, 3 пати поголем волумен, брзо се суши и не се размачкува. Погодна е за чувствителни очи и за оние кои носат контактни леќи. Има причина зошто 2000 Calorie маскарата е најомилената маскара повеќе од 30 години! Само погледнете ги резултатите од трепките!
Добијте целосен волумен кој трае цел ден!
Специјално дизајнираната четка ви овозможува постепено и лесно да нанесувате слоеви од маскара на трепките за да го добиете посакуваниот изглед, без згрутчување или лепање на трепките. Оваа маскара прави и најтенките трепки да изгледаат полни.
Како да ја нанесете? Совет од мејкап артистите!
Нанесете ја маскарата гледајќи надолу во огледалото и со фините влакна од апликаторот, четкајте ги трепките од коренот до врвот. Потоа, гледајте нагоре и нанесете маскара на долните трепки. Користете го врвот на апликаторот за да ја обложите секоја трепка за дефиниран изглед. Почекајте додека не се исуши пред да нанесете втор слој на горните трепки.
Сега и вие „нурнете“ ги вашите трепки во целосен волумен кој трае преку целиот ден. Доколку досега не сте ја пробале маскарата, сега е вистинско време!