Мејкап колекција која предизвикува носталгија повеќе од било кога досега!
Kylie Jenner се инспирираше од детството за нејзината најнова празнична колекција за нејзиниот бренд Kylie Cosmetics. Сакајќи да внесе чувство на носталгија и радост кај сите во сезоната на празниците, Kylie создаде мејкап колекција со тема Grinch во партнерство со Dr. Seuss.
View this post on Instagram
„Пораснав гледајќи го филмот The Grinch, а сега со ќерка ми го гледаме секоја вечер, така што оваа колекција за мене многу е возбудлива!“, вели Kylie на својот Инстаграм профил.
Од прекрасна амбалажа до имиња инспирирани од Grinch, секој аспект на чудесната колекција содржи забавни детали од познатата книга на Dr.Seuss од 1957 година, „How the Grinch Stole Christmas!“ која е претворена во повеќе филмски хитови. Главната боја која е нагласена низ целата мејкап колекција е гламурозната зелена.
Што содржи празничната мејкап колекција на Kylie!
За да го одбележи пристигнувањето на најновата колекција во продажба, Kylie со Stormi создадоа симпатични Grinch колачиња. Во продолжение можете да видете што сè има во мејкап колекцијата Kylie X The Grinch.
Pressed Powder Palette
Прекрасна палета со 16 сенки за очи која содржи од блескаво зелено-златни нијанси до маслинесто-кафени мат нијанси со кои ќе креирате совршен празничен мејкап изглед.
Stealing Christmas & Lil Grinch Shimmer Eye Glaze
Сенки за очи кои се совршена комбинација на кремаста сенка за очи и сенка во прав. Доаѓаат во две нијанси – златна и светло тиркизна. Пигментираните крем сенки со светки се пријатни за нанесување и се лизгаат на очните капаци. Можат да се нанесат на целиот очен капак или над сенка за подобар ефект.
Shadow Sticks
Кремасти, повеќенаменски сенки во форма на пенкало кои може да се користат на целиот очен капак или како туш за да создадете празничен мејкап изглед! Доаѓаат во 4 нијанси: Grinch – лајм зелна, No Hard Feelings – металик розова, Welcome To Who-Ville – шампањ златна и Risky Biz – темно виолетова.
Olive Liquid Kyliner Pen
Туш за очи со маслинеста нијанса, со силно пигментирана формула кој брзо се суши оставајќи убава и прецизна линија.
Max The Reindeer Blush & Littlest Of Whos Kylighter
Розово руменило и златен хајлајтер за совршен празничен сјај.
How The Grinch Stole Christmas! Matte Lip Kit
Лимитирана едиција на познатите Lip Kits на Kylie ќе ви даде совршени празнични црвени усни. Моливот за усни е со кремаста текстура која се лизга низ усните, а мат течниот кармин дава омекнувачко и свиленкасто чувство и не ги суши усните, а воедно е долготраен.
Lipstick Set
Сетот од 6 кармини е совршен за сите празнични мејкап изгледи на вашите усни! Комплетот вклучува мат црвена, нуд, виолетова и златна нијанса на кармини. Имињата на нијансите се: I Hate Christmas, Oh The Noise!, A Wonderful Awful Idea, Who Needs Presents, Mean One и Mr. Grinch.
Snowcapped & Sweet Like Candy Cane High Gloss
Snowcapped сјајот за усни доаѓа во медова нуд нијанса со златни и зелени светки, а Sweet Like Candy Cane сјајот за усни доаѓа во нежно розова нијанса со зелени светки за ултра сјајни усни. Носете го со вашиот омилен молив за усни или нанесете тенок слој врз омилениот мат течен кармин.
Производите можете да ги набавите преку веб-продавницата!
Мејкап колекцијата Kylie Cosmetics X The Grinch достапна e за купување преку веб-продавницата на Kylie Cosmetics, но моментално владее вистинско лудило за набавка од фановите на Kylie, така што целата колекција веќе е распродадена. Но, вреди да ги следите вестите за тоа кога производите ќе бидат повторно достапни.