Чувствителната кожа не е лесна за одржување и секој чекор во рутините за убавина и шминка е исклучително важен. Колку што се става акцент на квалитетни производи од препаративната козметика, уште повеќе треба да се потенцираат производите од декоративната козметика, бидејќи тие исто така можат да бидат главни причини за проблеми со кожата и иритација. Се разбира, секогаш важно е да се има предвид дека добрата шминка започнува со нега на кожата, па затоа пред се најважно е да се снабдите со квалитетни производи од препаративната козметика.
Во продолжение ќе ви дадам неколку совети за тоа како да користите шминка ако сте склони кон иритација на кожата.
Како да ја подготвите кожата за нанесување на шминка!
Првиот чекор е подготвување на вашата кожа за нанесување на шминка. Дамите со чувствителна кожа мора да посветат посебно внимание на хидратацијата на кожата, така што квалитетен навлажнувачки крем наменет за чувствителна кожа е задолжителен чекор во рутината за убавина. Исто така, експертите советуваат употреба на термална вода затоа што таа ја смирува воспалената кожа. Само нанесете на областите каде што планирате да аплицирате од мејкап производите и со тоа ќе ја зголемите хидратацијата на кожата на природен начин.
Заменете ги течните формули со компактни!
Важно е да бидете внимателни при изборот на козметика и да ги избегнувате производите кои вклучуваат парфеми, како и конзерванси, бидејќи тие можат дополнително да ја иритираат кожата. Покрај тоа, при изборот на шминка добра идеја е да изберете компактна формула, отколку течна формула, бидејќи во производството на мејкап производи во цврста состојба се користат многу малку конзерванси. Поточно, компактните производи содржат помалку вода и затоа помалку бактерии можат да се акумулираат во нив.
Внимавајте на рокот!
Бидејки секогаш звучи како логичен совет, многу е важно да обрнете внимание на рокот на траење на самиот производ и заменете го кога ќе истече. Тоа е нешто многу едноставно и во исто време многу важно за нега на кожата, така што вистинско време е да се ослободите од сите производи што се наоѓаат во вашиот козметички несесер кои стојат подолго време.
ББ кремот е вашиот најголем сојузник!
Кога станува збор за декоративната козметика, добра идеја е да ги замените мрсните и тешки формули со повеќе воздушни и полесни. На пример, наместо пудра, добра идејата е да додадете ББ крем во вашиот козметички несесер кој содржи помалку пигменти и затоа помалку ја суши кожата. Кога нанесувате пудра, најдобро е да користите блендер, но треба да ги избегнувате оние од латекс, бидејќи може да предизвикаат алергии на кожата.
Избегнувајте високо пигментирани сенки за очи!
Зборувајќи за реакции на кожата, треба да избегнувате високо пигментирана шминка како што се сенките за очи, бидејќи може да предизвикаат алергии. Ако е неизбежно, одберете неутрални тонови, бидејќи експертите веруваат дека ваквите помалку заситени тонови не предизвикуваат толку многу алергии.