Како што е вообичаено, мејкап и бјути трендови се раѓаат кога мејкап артистите на големите ѕвезди создаваат нови трикови за шминка, а потоа славните личности себично ги чуваат за себе, сè додека не се појават во јавноста преку социјалните мрежи.
Иако успешно чувана тајна на експертите за шминка, денес благодарение на Instagram, сапунот за веѓи е тренд кој заживеа во светот на „обичните смртници“. Видео-упатства поврзани за професионално шминкање на Instagram мејкап артистите веќе се достапни за користење на сапунот за веѓи во шминкањето и затоа ви откривам сè за овој трик.
Кога велам сапун за веѓи на што точно мислам?
Ако мислевте дека во продажба покрај моливите за веѓи, пудрата за веѓи и геловите, постои и најновото мејкап чудо – сапун за веѓи, мора да ве разочарам, затоа што сè уште не е создадено вакво нешто.
Сè што ви треба за да го следите овој тренд е:
– молив за веѓи
– фиксатор за шминка
– четка за веѓи
– најобичен сапун во цврста состојба
Сапун за веѓи – чекор по чекор!
Пред да ја искористите магичната моќ на обичниот сапун, нанесете го омилениот молив или пудра за веѓи, на оние места каде сакате веѓите да ви изгледаат пополно или каде имате празнина од претходното средување на веѓите, а потоа на чиста четка за веѓи напрскајте мејкап фиксатор.
За да може трикот да има ефект, сапунот не е најважниот чекор, но затоа неопходно е за себе да го изберете вистинскиот молив за веѓи, како и нијансата на моливот што е најблиску до вашите природни веѓи.
Дури сега со четката на која нанесовте фиксатор за шминка, нежно поминете неколку пати преку сапунот за да се задржи на секое влакно од четката, а потоа со четката поминете со движења долу-горе како да ги чешлате вашите трепки. Така ќе успеете да направите вашите веѓи успешно да го задржат природниот изглед, а воедно да бидат убаво фиксирани со помош на овој трик.
Забелешка во врска со сапунот за веѓи!
Иако овој трик ќе ви дојде добро при рака кога го немате фантастичниот гел за веѓи, треба да бидете свесни дека вашите очи се најчувствителниот дел од вашето лице и дека се што нанесувате во нивна близина, па дури и веѓите може да предизвика алергиска реакција на вашата кожа.
Затоа, ако сè уште сакате да го пробате овој трик за фиксирање на веѓите, тогаш проверете дали сапунот што го користите е на база на глицерин за да не ја иритира вашата кожа или едноставно дајте им шанса на геловите и производите за шминкање на веѓите, кои никогаш нема да излезат од тренд.