- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Замислете само – сочни, неодоливи, совршени усни кои зрачат со убавина! Па, кој би можел да одолее? Усните се бјути императив и симбол на сексипил, заведување и пленат со својата форма. За нивната потполна убавина не морате да применувате скапи или болни решенија! Без хируршки процедури само со основна шминка и неколку трикови кои како од шега ќе ги создадат твоите “нови” полни усни.

Пилинг

Елиминирањето на мртвите клетки од површината на усните е првиот чекор. Посебно се делотворни пилинзите кои содржат цимет и кафе. Освен што ги хидрира и храни, циметот го подобрува протокот на крв и ги прави усните пополни. Не заборавајте дека по направениот пилинг задолжително е хидрирањето.

Прецизно исцртување

Прво правило – моливот за усни не треба да се забележува на усните! Ако ја преминете линијата на усните или ја промените нијансата на моливот, ќе изгледате сосема вештачки, а тоа сигурно не би сакале да ви се случи! Затоа, пред нанесување на карминот со молив за усни што претходно добро сте го наостриле, внимателно исцртајте ги рабовите и тоа од средината кон надворешноста, особено нагласувајќи го купидоновиот лак. Неутрални моливи, само за нијанса или две потемни од природната боја на усните секогаш се најдобро решение.

- Реклама -

Текстура

Како да се избере кармин е прашање на сите прашања, а моментот на купување означува почеток на процесот на зголемување на вашите усни.

Во изминатите години, мат карминот не се сметаше за најдобро решение за волумизирање, поради неговата текстура која има тенденција да ги исуши усните и да ги направи помали. За среќа, новите технологии напреднаа и сега дури и оние мат формули се доволно кремасти за усните да ги задржат долго време хидрирани со постојан пигмент.

Нијансата особено е важна

Ако се одлучите за нуд кармин за усни, бидете сигурни дека во истиот момент ќе создадете ефект на полни усни. Сличен ефект ќе постигнете ако изберете портокалови и розови нијанси, без разлика дали се работи за посветли или потемни. Ако имате изразено тенки усни, би било добро да преферирате сјајни кармини со бисерни нијанси, бидејќи така најлесно визуелно ќе ги зголемите усните. Уште подобар ефект ќе постигнете ако преку вашиот омилен мат кармин нанесете обичен сјај или сјај за усни со хијалурон.

Омбре изглед

Добро е познато дека потемните кармини визуелно ги намалуваат усните, но ако навистина не можете да им одолеете, искористете го овој мал трик. Посветла нијанса во централниот дел, потемна на надворешниот и тенок слој на сјај за усни на средината на долната и горната усна, ќе создаде предизвикувачки омбре ефект кој ќе мами со воздишки.

Магичен хајлајтер за полни усни

Што мислевте, хајлајтерот служи само за контурирање на лицето? Неговата намена е повеќекратна, а тоа особено добро се покажува во ситуации кога сакате полни усни.

Најдобрите мат кармини во комбинација со хајлајтерот ќе дадат нова димензија на вашите усни. Откако ќе го нанесете карминот, со хајлајтер нагласете го делот над горната усна и средниот дел под долната усна. Се добро изблендирајте и подгответе се за еден куп комплименти!