Недостатокот на влага во кожата може да се манифестира на повеќе начини, од обична рапавост, перутање, мали пукнатини на кожата, па до воспалителни промени, затегнатост на кожата и јадеж. Симптомите се разликуваат зависно од тежината на состојбата и засегнатото место. Палетата на производи од водечкиот бренд за медицинска козметика – Eucerin, содржи две групи на производи за нега на сува кожа: AtopiControl и UreaRepair.
Eucerin AtopiControl
Eucerin AtopiControl се производи наменети за деца со атопичен дерматитис и возрасни кај кои состојбата се нарекува невродерматитис. Многу чувствителната и проблематична кожа во одредени делови на телото станува сува, рапава, со пукнатини, воспаление и јадеж. Причината за ваквите промени во основа е недостаток на гама-линоленската киселина, што води до ослабување на бариерната функција на кожата. Таа лесно губи влага и станува сува, а во обратен правец полесно пропушта алергени и микроорганизми кои ја влошуваат состојбата.
View this post on Instagram
Со секојдневната нега со Eucerin AtopiControl производите, ние всушност на кожата ѝ го додаваме тоа што ѝ недостасува сѐ додека да се стабилизира. Измивањето е со AtopiControl маслото за туширање, негата на кожата по туширањето е со лосионот и кремот од истата линија, а егземите ги третираме со AtopiControl интензивниот смирувачки крем.
Сите производи се клинички тестирани и безбедни за бебиња, кај кои најчесто се јавува атопичен дерматитис.
Eucerin UreaRepair
Eucerin UreaRepair производите се втората група на производи за нега на сува кожа. Уреата како активна супстанција е природен хидратантен фактор на кожата, а зависно од концентрацијата може да ги отстранува изумрените површински клетки и да го смирува интензивниот јадеж.
View this post on Instagram
На располагање имаме ноќен и дневен крем за нега на сува кожа на лицето, крем за нега на сува, груба и распукана кожа на рацете, крем за нега на суви и груби стапала, гел за миење и два лосиони за тело – 5% хидратантен лосион и 10% регенеративен лосион за нега на сува кожа пропратена со јадеж.
Вашиот дерматовенеролог или фармацевт ќе ви помогнат да го изберете најсоодветниот производ!
AtopiControl и UreaRepair производите одлично се прифатени од лекарите и пациентите заради многу поволниот ефект на кожата, компатибилноста со лековите и можноста да се користат неограничено време.
До колку не сте сигурни што ви е потребно, консултирајте се со дерматовенеролог или фармацевт кој ќе ви помогне да го изберете најсоодветниот производ за нега на вашата кожа.