Hugo Boss претстави ново мирисно дуо кои припаѓа на колекцијата Boss The Scent. Со две нови изданија брендот понуди романтично заведување преку две композиции – машкиот Boss The Scent Pure Accord for Him и женскиот Boss The Scent Pure Accord for Her.
Мирисниот двоец ја продолжува привлечната приказна за заведување, раскажана преку Boss The Scent кампањата. Сместени во хотелска соба со поглед кон градот, преплавени со топла утринска светлина, Boss мажот и Boss жената претставени преку Jamie Dornan и Birgit Kos се вклучени во играта на заведување. Комплементарноста и взаемната доверба на двојката се продлабочува со доаѓање на утрото!
Boss The Scent Pure Accord for Him
Boss The Scent Pure Accord for Him се отвора со разиграни ноти на ѓумбир што водат до срцето на егзотичното овошје maninka. Уникатната основна нота на сензуална бела еленска кожа ја води тоалетна вода на нова мирисна територија, обезбедувајќи совршен баланс на топлина и светлина.
Транспарентното стаклено шише во метален кафез, со соодветно метализирано капаче, содржи мирисен сок во светло жолта нијанса на шампањ. Бежовото пакување со темно сиви и сребрени детали ја одразуваат машкоста на мирисот без напор.
Машкиот Boss The Scent Pure Accord for Him е достапен во шишиња од 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.
Boss The Scent Pure Accord for Her
Boss The Scent Pure Accord for Her има пенливо отворање со ноти од бергамот кои водат до светлото срце во кое се наоѓа сензуалниот цвет на османтус. Мошусната основа што го обвива и го комплетира мирисот, незабележливо ја комбинира мекоста и силата.
Дизајнот на кутијата и шишето го рефлектира женскиот дух на мирисот, додека за течноста на мирисот избрана е светла боја на праска, која го исполнува стакленото шише крунисано со капаче во боја на шампањ, а сè надополнето со пакување во топла беж, сива и боја на златен шампањ.
Женскиот Boss The Scent Pure Accord for Her е достапен во шишиња од 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.
Нова нежност и заедништво!
Ова ново свежо дуо носи нова димензија во безвременската приказна за заведување раскажана преку кампањата Boss The Scent. Поблиску од кога и да било, Boss мажите и жените споделуваат нова нежност и заедништво, што се рефлектира во сјајните и сензуални ноти на Boss двоецот.