Во срцето на Guilin (Кина) се наоѓа домот на цветот османтус. Исконски цвет кој буди спомени и чувства со својот мирис испреплетен со разнобојни ноти. Неочекувано и изненадувачки, цветот на османтус цвета за време на есента, ширејќи го својот прекрасен мирис во време кога повеќето други растенија веќе престанаа да цветаат.
L’Occitane го открива овој уникатен нежен мирис на свежи, зелени и кадифени ноти на праска и дрвенести ароми, што предизвикуват спомени на свежи летни ноќи.
Месечината од Далечниот исток во прегратките на сонцето од Прованса!
Особено добро е чувството кога ја знаеме интересната и пријатна приказна која стои зад овие нежни и романтични мирисни ноти. Цветовите на османтус се берат рачно, во автентично опкружување. Тие се одгледувани од волшебникот за цвеќиња, главниот снабдувач на цветовите на османтус за L’Occitane, г-динот Tang Guo Yong. Неговата поврзаност со османтусот започнала во раната младост, со берење на диви цвеќиња. Денес поседува 10 хектари земја каде што на 1,3 хектари одгледува османтус со околу 1000 садници. Неговата посветеност и љубов кон ова растение се чувствува во секое ливче од необичниот цвет, преточена во негувачка и луксузна колекција во која толку лесно ќе се заљубите. Нежност, топлина, шарм, женственост, сладост и свежина, сето ова е дел од миризливиот потпис на нежно жолтите ливчиња кои на мирисната колекција Osmanthus и даваат уникатен карактер.
Со создавањето на колекцијата Osmanthus, L’Occitane и неговите соработници сакаа да им оддадат почит на овие прекрасни, ситно-жолти цветови и да ја прикажат свежата композиција на цветни ноти со кадифено-овошен допир. Токму таквите карактеристики се единствени за овој неодолив мирис кој ја исполнува околината, патувајќи низ воздухот. Оваа посебна миризлива синергија носи уникатен момент на традиција и природна убавина.
Osmanthus ќе ги израдува љубителките на природни ноти и цветно-овошни кадифени мириси!
Креаторката на парфемот Marypierre Julien создаде мирис кој со себе го носи целото богатство на традиционалните женски парфеми и енергијата на модерните мирисни трендови за модерните жени во движење. Парфимерката открива дека цветот на османтус, чии кадифени ливчиња доминираат во оваа мирисна мешавина, во исто време е мирис на среќа и спокојство. Тоа е она удобно чувство што ни е потребно на нашата кожа. Неколку капки Osmanthus и денот со перфектен оптимизам и опуштеност може да започне.
Последниот допир во миризливата приказна за парфемот L’Occitane Osmanthus го даде талентираниот уметник и илустратор Robert Frank Hunter. Дизајнот од бајките што го отсликува пејзажот на татковината на цветот османтус, нè воведува во светот на имагинацијата и мечтаењето. „Сакам да создавам атмосферски сцени и пејзажи во мојата работа. Затоа, кога ме замолија да ги илустрирам планините Guilin за L’Occitane, почувствував дека тоа е соработка во која навистина ќе уживам“ – рече Robert Frank Hunter. Тоа навистина се гледа во атмосферата што ја емитува овој пастелен свет на бајковити пространства проткаени со миризливиот превез на османтус.
View this post on Instagram
Каде да го помирисам Osmanthus?
Овој прекрасен и релаксирачки парфем можете да го пронајдете во специјализираните продажни места на брендот L’Occitane кај нас. Пронајдете повеќе информации на официјалните профили на L’Occitane на Фејсбук и Инстаграм.