Narciso Rodriguez ја шири мистеријата на модерната мажественост со Bleu Noir Parfum – најсмелиот машки мирис во колекцијата која создава зависност.
View this post on Instagram
„Сакам сина, толку темна што изгледа како црна. Сакам црна што ги зафаќа длабочините на самракот“ – изјави дизајнерот Narciso Rodriguez, кој ја инспирираше Bleu Noir линијата на машки парфеми. Првото издание беше претставено во 2015 година, проследено со Eau de Parfum во 2018 година и Eau de Toilette Extreme во 2020 година. Новиот Bleu Noir Parfum е мистериозен и одважен мирис за уникатен маж! Се разликува од претходните изданија по зголемената доза на елеганција што ја носи со себе ирисот и антилоп кожата.
Шик, софистициран, ароматичен, возбудлив, луксузен…
Narciso Rodriguez ја доловува моќта на мажот преку чистиот и остар мирис. Мистериозен и дрзок, овој мирис ја навраќа машката елеганција со ноти на ирис, сензуален мошус и дрвенести ноти кои предизвикуваат зависност.
Композицијата се врти околу нота на антилоп кожа, засилена со сензуалноста на ирис и засладена со тонка бобинки. Срцето е препознатливиот мошус – симболичната нота на целата линија, овде поставен на дрвенеста и кожна основа.
Bleu Noir е парфем за секој шармантен маж со стил!
Рафиниран и чист, топол и секси, заводливо паметен мирис, за мажот кој го користи секогаш ќе биде безвременски.
Парфимер на овој мирис е Sonia Constant, а заштитно лице на рекламната кампања е моделот Roberto Sipos.
Богати состојки од природно потекло!
Овој нов мирис отвора пат за новите заложби на Narciso Rodriguez брендот кон животната средина. Bleu Noir Parfum содржи 89% состојки од природно потекло.
Шише во елегантна сина нијанса!
Иконското шише Bleu Noir открива нова елегантна сина нијанса со проѕирен црн надворешен лак. Мат капачето го носи последниот допир на сензуалноста.
Мирисот е достапен во шишенца како парфем од 50 и 100 мл.