Купувањето на подароци за најблиските е вистински предизвик, а парфемите како можен избор се наоѓаат на секој список со подароци. Без оглед на тоа дали сте одлучиле омилениот парфем да го купите за себеси или да ја израдувате саканата личност, одењето во парфимерија во потрага по совршен мирис се наоѓа скоро на секоја листа.
Купете парфеми „во пар“!
Но, наместо да го купите вашиот омилен парфем, направете малку пауза од изборот на класици и купете парфеми „во пар“, односно женски и машки парфем од иста парфемска колекција, кои оваа сезона стануваат се поголем хит, барем судејќи според понудата од луксузните брендови. Тие во своите колекции понудија машки и женски парфеми кои се слични во однос на мирисните ноти, карактерот и пакувањето, така што изборот на парфем што ќе одговара за себеси и за вашиот партнер е многу полесен отколку што мислевте. Најдобриот дел за ваков подарок е тоа што имате совршен „изговор“ за да си дозволите мирислив новитет и за себе!
Emporio Armani In Love With You & Stronger With You Intensely
Мирисниот пар е инспириран од чувството кое го носи возбудливата љубовна врска. Женскиот Emporio Armani In Love With You создаден е од деликатни овошни и цветни мирисни акорди. Се отвора со ароми на зрели овошни плодови и мирисно срце со роза и горчлив пелин. Машкиот Emporio Armani Stronger With You Intensely е ориентално-дрвенест мирис. Горните мирисни ноти вклучуваат зачини и љубичица, а во мирисното срце се спојуваат лавандата со слатката карамела и цимет. Базата на мирисот завршува со ноти од еленска кожа, ванила и килибар.
Jean Paul Gaultier La Belle & Le Beau
Парфемите со потпис на Jean Paul Gaultier се вистински мирисен сон за секој колекционер на парфеми – од шишенцата до мирисите во нив кои носат целосно задоволство. La Belle ги крие нотите на круша, ориентална ванила и ветивер, додека за Le Beau избрани се аромите на кокос, бергамот и тонка зрно.
Boss The Scent Absolute
Брендот Boss лансира мирисни изданија „во пар“ инспирирани од оригиналните изданија, но во Absolute верзии, акцентирани со гурмански вкусови. Машкиот Boss The Scent Absolute Eau de Parfum сервира ориентален состав кој се отвора со динамичен ѓумбир, истакнувајќи го зависното овошје maninka во комбинација со коренот mondia, поставени на елегантна база на ветивер. Женскиот Boss The Scent Absolute For Her Eau de Parfum нуди медено отворање и арома на сочна праска, мешавина која се бленда со интензивна нота на кафе во срцето на композицијата. Во основата доминираат топли и меки ноти на ванила и ветивер.
Armani Code Absolu
Новото поглавје на парфемската линија Armani Code, предизвикува со Absolu верзиите. Машкиот Armani Code Absolu со шишенцето го повторува обликот од претходните изданија на Armani Code едицијата, но овој пат со златен финиш на стакленото шише. Женскиот Armani Code Absolu Femme е ориентално цветен мирис со изразени ноти на неодоливиот цвет од портокал. Отворањето на мирисот провоцира со цитрусни ароми на ѓумбир, правејќи го неролито поизразено и доминантно, додека мандарините даваат доза на сончев ефект. Слатките цветни ноти на нероли го најавуваат цветното срце во кое цветот од портокал останува како потпис на линијата Armani Code, измешан со бели цвеќиња, јасмин и опојни цветови на тубероза. Аромата на тонка се обединува со сандаловото дрво и ванилата во основата на мирисот, носејќи им топлина на цвеќињата, неодолива доза на удобност и длабочина.