Природни или синтетички четки за шминкање!
Кога зборуваме за совршено нашминкано лице, може да се претпостави дека тоа зависи од изборот на мејкап производите. Важна компонента во шминкањето што често ја занемаруваме според кажувањето на професионалните шминкери се четките за шминка! Кај секоја жена се наметнуваат прашања околу четките за шминкање. Дали четките со природни влакна се подобри од четките со синтетички влакна? Која е разликата и за кои производи се користат? Во продолжение прочитајте ги одговорите на овие прашања!
Природни влакна!
Четки за шминкање со природни влакна најчесто се прават од животински влакна од коза или верверица. Природните влакна се поскапи од синтетичките, така што овие четки значително се поскапи. Овој вид на четки исклучително се квалитетни и тие се подобруваат колку подолго ги користиме. Природните влакна обезбедуваат меко чувство на кожата и со тоа производите лесно се блендираат на лицето.
Четките направени од природни влакна по правило се користат за сенки, камена или пудра во прав, бронзер, руменило и хајлајтер. Бидејќи природните влакна имаат специфична текстура, лесно ќе го нанесете и изблендирате мејкап производот на кожата.
Чистење на четката за шминкање од природни влакна!
Што се однесува до чистењето на овие четки – избегнувајте течности и спрејови за брзо чистење кои содржат алкохол, бидејќи тие можат да ги исушат влакната! Користете нежни сапуни или шампон за миење на четки, а потоа ставете капка балзам за коса за да ги негувате природните влакна со цел да ги направите мазни. На овој начин, четката за шминкање ќе ви трае многу подолго!
Синтетички влакна!
Четките со синтетички влакна се направени од вештачки материјали кои се добиваат со фабричко производство, како што се најлонските или полиестерските влакна. Тие не се толку меки како четките со природни влакна. Обично се многу поевтини, бидејќи користат материјали што се лесно достапни. Поради карактеристиките на вештачките влакна, овие четки се одлични за закосени или остро исечени форми на четки.
Синтетичките четки посоодветни се за течни и кремасти мејкап производи, како што се течната пудра, прајмерот, коректорот, тушот во форма на гел и карминот.
Чистење на четката за шминкање од синтетички влакна!
Синтетичките влакна се многу потрајни и поотпорни на агресивни средства за нивно чистење, така што можете слободно да користете разни сапуни, па дури и детергент за садови за да ја отстраните заостанатата течна пудра од четката. Нема потреба да се нанесува балзам на четките после миење. Синтетичките четки се погодни за брзо чистење со спреј алкохол помеѓу две шминкања.