Парфемската линија Mon Guerlain претставува мирисна колекција на новата генерација на жени. Мириси инспирирани од актерката Angelina Jolie, кои нудат почит на денешната женственост. Колекцијата беше промовирана во 2017 година со првото издание – Mon Guerlain Eau de Parfum, како модерна, пудреста и слатка комбинација на лаванда и ванила. По мирисните изданија, односно полесната верзија Eau de Toilette, Mon Guerlain Florale со божур и ирис и Mon Guerlain Bloom of Rose со роза и нероли, 2019 година го донесе Mon Guerlain Intense мирисното издание со слатки и гурмански, но длабоко ориентални fougère карактеристики.
Mon Guerlain Intense – Свеж ориентален – дрзок – блескав – сензуален!
Ова е прилично софистицирана изведба на комбинација со кумарин и лаванда, давајќи висока дефиниција и интензитет, богатство на мирисната композиција. Парфемот се отвора со малку овошни вкусови, почнувајќи со навестување на свежина од цитруси до бујни карактеристики на амарето и зрела цреша, вкус налик на марципан. Острите и чисти ароми на лаванда се омекнати со густа обвивка од ванила и тоа е нотата што му дава традиционален „машки“ допир, спречувајќи го мирисот да стане премногу сладок и гурмански. Благата и смолеста база со нежни акорди на шума, со истакнати ноти на пачули кои завршуваат со топло и моќно присуство.
Целокупниот стил на мирисот не отстапува премногу од трендовските мириси со ванила и кумарин, но заедно со интензивната лаванда му даваат друга димензија на сложеност. Резултатот е многу ефективен и прилично успешен обид на мешање на пудрест и сладок женски мирис заедно со тежок ориентален машки мирис.
Подобрување на оригиналот – го заслужува името Intense!
Одличен придружник за студените вечери кој се издвојува од другите Mon Guerlain изданија, нудејќи поголем квалитет и карактер, подобри перформанси и долготрајност. Сè на сè, прекрасно подобрување на оригиналот, со што го заслужува името Intense.