Револуционерна четка за издолжени и дефинирани трепки!
Инспириран од мејкап артистите Max Factor понуди маскара наречена False Lash Epic со револуционерна четка за издолжени и дефинирани трепки. Max Factor ветува маскара идеална за ова дигитално време, каде што ни зумирањето на сликата не ви може ништо, секоја трепка која ќе влезе во кадар ќе ви биде потенцирана, ниту една нема да остане невидлива.
Ќе ги разгледувам овие тврдења на Max Factor по ред, но пред тоа, ајде да ја разгледаме самата маскара!
Четка – Џин!
Четката навистина може да се каже дека е револуционерна, таа е многу голема, оригинална по форма и дизајн и содржи четири различни типови влакна. Заоблената форма на новата четка на маскарата е наменета за чешлање и дефинирање на трепките.
Почетокот на четката навлегува убаво во трепките и го дефинира нивниот изглед. Max Factor создаде четка која е во склоп со потребите секоја трепка поединечно да биде потенцирана од внатрешниот кон надворешниот дел. Со новата четка повеќе нема потреба од комбинирање на две или повеќе различни маскари за постигнување на посакуваниот ефект.
Интензивната црна боја на маскарата ги направи трепките уште по впечатливи. Со секое нанесување на еден слој од маскарата трепките стануваат поцрни. На крајот на четката има топче со боцки кое всушност не дозволува трепките да се залепат една до друга, туку напротив ги разделува и секоја поединечно ја оформува со што се потврдува слоганот на Max Factopr дека ниедна трепка нема да остане невидлива за што најмногу е заслужно топчето со боцки на врвот на маскарата.
Како да ја нанесам маскарата со револуционерната четка?
Еве пример во два чекори како треба да ја аплицирате Max Factor False Lash Epic маскарата
Прв чекор:
Нанесете од маскарата на трепките со заоблениот дел на четката почнувајќи од внатре кон надвор. Со испакнатиот дел на четката повторно поминете низ трепките за да ги одвоите една од друга и да ги издолжете.
Миксот од конусоидни и означени елементи на четката се создадени за да ја обработат секоја трепка на окото.
Втор чекор:
Со дифузни движења повторете ја постапката на нанесувањето на маскарата за да добиете поголем волумен на вашите трепки.
Моите природни трепки добија навистина епохални пропорции!
На крај, дозволете ми да кажам дека моите природни трепки добија навистина епохални пропорции, но морам да го напоменам фактот дека оваа маскара одлична кај тенки природни трепки правејќи ги подебели и подолги.
Оваа маскара е одлична!!!