Секоја боја на очите има свои особености, а со цел тие потполно да бидат истакнати и да го направат вашиот поглед уште поубав и предизвикувачки, треба да ја пронајдете нијансата што ви одговара совршено – онаа нијанса на која никој нема да може да одолее!
Сина боја на очите и игри со контрастни бои!
Принципот на контраст дефинитивно е најдобро решение за девојките со сини очи. Златна, бакарна и бронзена нијанса ќе ги направи вашите очи уште повеќе забележливи и без разлика дали користите топли земјени или топли металик тонови, на сините очи ќе ја „вбризгате“ потребната доза на топлина и ќе ги направите поживи.
Теракота, праска и шампањ нијансите исто така се одличен избор, а ако се одлучите за сина сенка, важно е да го следите едноставното правило на спротивностите: темно сините очи бараат светло сини нијанси и обратно!
Комплементарни бои на сината се жолтата и портокаловата и иако не ги гледаме често на очните капаци, летото е вистинска можност да ги испробате овие смели нијанси за постигнување на многу ефектен мејкап изглед!
Темни сенки не се пожелни кај девојките со сини очи, сепак ако не можете да им одолеете, комбинирајте ги со светли нијанси. Црната маскара е задолжителна, додека туш за очи исцртан покрај трепките е повеќе од потребен!
За свеж, одморен и исончан тен користите бронзери. Помала количина на руменило ќе му даде на вашето лице дополнителна топлина и ќе ги потенцира очите уште повеќе.
Која е бојата на вашите очи и како ги истакнувате со помош на шминка? Пишете во коментари!