- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Брендот на суперѕвездата Kim Kardashian West – KKW Fragrance се збогати со нова мирисна колекција KKW Fragrance Diamonds by Kourtney x Kim x Khloe, составена од три нови мириси, како три дијаманти во жолта, сива и розова боја. Новата колекција доаѓа откако Kylie Jenner by KKW Fragrance линијата постигна голем успех со препознатливите шишенца во форма на усни.

YELLOW DIAMOND – Kourtney

Жолтиот дијамант – YELLOW DIAMOND – Kourtney претставува гурманско-ориентален мирис кој се отвора со блескави ноти на златни рибизли. Во срцето на мирисот доминира жолтиот јасмин, Yellowbird жолтата магнолија и жолт ирис поставен на база на пачули, мек мошус и крем од ванила. Мирисот е достапен во шишенца од 30 мл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KKW FRAGRANCE (@kkwfragrance) on

- Реклама -

KIM DIAMOND – Kim

Дијамантот на Ким – DIAMOND KIM – поклонува свеж и бел цветен букет, кој во своите почетни ноти зрачи со свежи тропски лисја, засладен ѓумбир и дива artemisia од Мароко. Во срцето доминираат ylang-ylang, цвет од портокал и магнолија champaca поставени на кокосово млеко, бел мошус и бело цвеќе. Мирисот е достапен во шишенца од 30 мл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KKW FRAGRANCE (@kkwfragrance) on

PINK DIAMOND – Khloe

Розовиот дијамант – PINK DIAMOND – Khloe плени со својата цветна композиција компонирана од розови елементи. При отворањето на композицијата доминираат ноти на утринска роса, италијански бергамот, блескав акорди на розова љубичица. Во срцето доминираат цветни ноти од тубероза Pink Sapphire, јасмин и сладок јоргован, проследени со облак од мошус, бела мов и суво дрво. Мирисот е достапен во шишенца од 30 мл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KKW FRAGRANCE (@kkwfragrance) on

Каде може да се порачаат?

Новата мирисна колекција KKW Fragrance Diamonds by Kourtney x Kim x Khloe може да ја порачате на официјалната веб-страница на KKW Fragrance и достапна ќе биде од 8.11.2019 година!