Најновите мириси од Valentino се наменети за сите кои бараат интензитет и љубов кон претходните изданија на мирисната линија Born In Roma.
Машкиот и женскиот Born In Roma Intense мириси се создадени како почит на градот Рим и неговите зајдисонца. Тоа се парфеми кои ја откриваат вашата прекрасна личност додека се забавувате во вечниот град.
Rockstud Valentino дизајн!
Шишињата на Born In Roma му оддаваат почит на легендарниот дизајн Rockstud Valentino. Овој храбар пирамидален дизајн, инспириран од римската архитектура е потпис на брендот Maison Valentino. Составен дел е од модната иконографија на Valentino и симбол на Рим каде ги краси градските порти и ѕидини. Rockstud е трансформативен симбол, кој моментално ја модернизира секоја чанта или чевел.
Adut Akech и Anwar Hadid ја предводат рекламната кампања!
Како што велат од Valentino – „Во оваа магична ноќ, Adut Akech и Anwar Hadid заминуваат заедно на тајна забава во вечниот град. Магнетното дуо, придружено со други различни личности, бара интензивен живот за да го живеат до максимум. Енергијата и внатрешната сила можат да направат сè“.
Valentino Born In Roma Intense Donna
Цветно-килибарната композиција на Born In Roma Intense Donna продолжува да заведува со откривањето на моќната ванила. Нагласена е со блескав јасмин што дава заводлива конотација.
Овој магнетен, волшебен и цветен мирис е создаден за оние кои живеат интензивно и страсно, со примеси на екстраваганција. Мирисната композиција ја потпишуваат парфимерите Amandine Clerc-Marie и Honorine Blanc.
Женскиот Valentino е достапен во шишенца од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.
Valentino Born In Roma Intense Uomo
Енергичната дрвенесто-килибарна композиција игра помеѓу експлозија на свежина и обемна сензуалност.
Користењето на моќна инфузија од ванила ја зголемува зависноста од мирисот Born in Roma. Суровата кожна нота е украсена со срце од ветивер и засилена со цветната и ароматична свежина што ја носи лавандата. Мирисот е потпишан од парфимерите Antoine Maisondieu и Guillaume Flavigny.
Машкиот Valentino е достапен како Eau de Parfum во шишенца од 50 и 100 мл.