- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Yves Saint Laurent лансира ново издание на парфемот Black Opium, мирис наречен Black Opium Illicit Green.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YSL Beauty Official (@yslbeauty)

Ви претстои вистинско патување кога станува збор за Illicit Green.

Новиот мирис претставува опоен коктел во кој интензивната арома на кафе се меша со овошни сокови од мандарина и смоква. Illicit Green е зачинет и овошен, забележливо посвеж од оригиналот.

Сензуална хероина!

На парадокс на сензуалноста, Black Opium Illicit Green жената е водена според своите сетила, воведувајќи нѐ во еден свечен и мирисен свет под зелени неонски светла. За неа „парфемот е задоволство“, подготвена е да се осмели да танцува и да ужива цела ноќ.

- Реклама -

Yves Saint Laurent Black Opium Illicit Green package

Нова експериментална мирисна енергетска доза!

Тајниот рецепт за новиот мирис е инспириран од коктел! Во шејкер помешана е препознатливата нота на оригиналниот Black Opium, но со посмели состојки. Кога нотите на свежо кафе се мешаат со сочна зелена мандарина и кремаста смоква, настанува заразна и возбудлива доза на адреналин.

Зелената мандарина со сочната и остра свежина го зајакнува акордот на Café Noir – потписот на Black Opium парфемската линија. Акордот на смоква е обвиен со зелени и кадифени ноти. Illicit Green е посветен на иднината: есенцијата на зелена мандарина од Италија и бурбон ванилата од Мадагаскар доаѓаат од одржливи извори.

Black Opium Illicit Green contains

Скандалозно зелено! Скандалозно светкаво!

Зелен како ароматичниот сочен мирис кој го исполнува Illicit Green. Нијансата која го осветлува кружниот прозор на новото шише на Black Opium мирисот, црпи инспирација од едно безвременско и најскандалозно модно парче на Yves Saint Laurent, кое го шокира светот на модата уште од 1971 година.

Yves Saint 1971

Прв мирисен коктел!

Black Opium Illicit Green е смела и уникатна соработка помеѓу две инспиративни и талентирани жени: мастер парфимерката Nathalie Lorson и наградуваниот коктел мајстор од Париз Margot Lecarpentier.

Тие заедно го „искривуваат“ потписот на кафе кој предизвикува зависност од Black Opium мирисната колекција, со изненадувачка и сочна есенција од зелена мандарина и вкусен кремаст акорд на смоква.

Yves Saint Laurent Black Opium Illicit Green bottles

Шишето на Black Opium Illicit Green е скандалозен пресврт на иконското Black Opium шише, осветлено одвнатре со радикална неонска зелена боја. Дизајнот го одразува смелиот став на YSL за задоволство и возбуда создаден за храбрата YSL жена.

Yves Saint Laurent Black Opium Illicit Green е достапен во шишенца од 30 и 75 мл, како Eau de Parfum.

bottle and package