Escada го лансира женскиот парфем Candy Love како ограничено издание за сите љубители на слатки десерти и парфеми кои мирисаат на нив. Овој забавен младешки мирис е најавен како деликатно сладок, инспириран од различноста на жените поврзани со симболот на срцето.
Овошна и гурманска композиција!
Escada Candy Love е со овошна и гурманска композиција составена од ноти на десерти, како што се карамелизирани јаболка и крем од ванила, а во срцето на мирисот царува цветната нота на роза од Centifolia.
Шише во форма на срце!
Мирисот Escada Candy Love е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette во шише во форма на срце.