Легендарниот Joop! Homme добива наследник чијa композиција е осмислена да замисли мраз што полека се топи на вашата кожа. Креацијата е заснована на контрасти, ледени акорди и длабока сензуална топлина акцентирана со овошна сладост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOOP! Fragrances (@joopfragrances) on

Провокативна, заводлива и експресивна креација!

Отворањето на композицијата е исклучително свежа и ледена. Ледената горчина потекнува од цитрусната унија на бегамот и грејпфрут, заедно нијансирани со слива и мускатна жалфија. Срцето развива ароми на цвет од портокал и кардамон, покрај удобноста на тутунот заокружена со сензуална и кремаста млечна основа од сандалово дрво. Креацијата е провокативна, заводлива и експресивна, наменета за обожавателите на Joop! Homme мирисната линија.

Ледено-сина боја на шишето!

Ледената свежина на Joop! Homme Ice мирисот се рефлектира во ледено-сината боја на шишето, претставено во висококвалитетно стаклено шише со мажествено мат црно капаче.

Joop! Homme Ice е достапен во шишиња од 40, 80 и 120 мл, како Eau de Toilette.