Juliette Has а Gun има начин на кој секогаш ќе гледате поинаку на работите. Not a Collection е козметичка линија создадена во 2019 година, препознатлива по исконскиот Not a Perfume мирис. Но имаше нешто што недостигаше во колекцијата…
Брендот Juliette Has a Gun со радост ги најави новите производи во колекцијата Not a Collection, лосион за тело и домашен дифузер.
Body Lotion – 100% зависен…
Дарежлив и кадифен лосион за тело, а сепак брзо се апсорбира! Тоа е текстурата на Juliette Has a Gun Not a Collection лосионот за тело… 100% зависен…
View this post on Instagram
Препознатливиот Not a Perfume уште еднаш се вовлекува во нашата дневна рутина. Благодарение на мешавината на глицерин, каприличен триглицерид и ши путер, нашата кожа ќе биде постојано хидрирана и заштитена. Текстурата се апсорбира брзо, правејќи ја кожата нежна и прекрасно парфимирана.
Home Diffuser – Ширете добри вибрации во вашиот дом!
Juliette Has a Gun Not a Collection Home Diffuser е повеќе од само еден домашен дифузер. Ви овозможува да ширете добри вибрации во вашиот дом!
View this post on Instagram
Инспириран од исконскиот Not a Perfume, овој дифузер за дома создава чиста, елегантна и уникатна атмосфера. Нуди комфорно чувство на топлина и чистина во вашиот дом. Дизајниран како декоративен предмет, совршено ќе се вклопи во домот. Во пакувањето има 10 стапчиња од природно дрво за употреба во траење од 45 до 60 денови, зависно од бројот на стапчиња кои ќе одлучите да ги користите.