Носењето шминка не е задолжително! Повеќето жени се чувствуваат посредени и поподготвени за претстојниот ден во моментот кога ќе го нанесат својот штит на лицето. Но, носењето шминка дава дополнителна задача! Ретко кој мејкап производ обезбедува целодневна издржливост, особено ако вашиот работен ден е многу динамичен и во движење.
Обновување во текот на денот!
Некои од мејкап производите, како маскарите или руменилата, може да се најдат во задоволителна формула која ќе трае речиси цел работен ден. Течна пудра е мејкап производ со кој обично сите имаат проблем! Или фантастично е долготрајна, но затоа многу е покривна и се чувствува на лицето. Или е како најпријатен серум, но тогаш нема задоволителна покривност. Понекогаш нејзината покривност е фантастична исто како и текстурата, но затоа премногу е сјајна и себумот брзо станува видлив.
Сепак, едно ново истражување покажа дека можно е да се пронајде издржливост, мат финиш, удобност и висока покривност во само една течна пудра. Освен тоа, бев крајно изненадена кога открив дека дури 85% од жените кои ја пробале би се префрлиле на оваа течна пудра!
Магична формула на пудрата од Maybelline
Познатиот бренд Maybelline уште еднаш докажа дека на иновативноста нема граници. Се работи за пудрата во рамките на популарната Super Stay линија. Тоа е Super Stay Active Wear течната пудра.
Оваа течна пудра ги урива предрасудите за отпорните пудри со висока покривност, што го докажува фактот дека дури 85% од жените кои ја пробале би ја замениле пудрата со неа. Пред се, поради формулата која гарантира издржливост до 30 часа и без размачкување. Нејзиниот финиш е мат, а формулата е совршена за жени во движење бидејќи не бара поправки во текот на работниот ден.
Она што воодушевува покрај сите факти е чувството што го остава на кожата. Maybelline Super Stay Active Wear е исклучително лесна за кожата, како флуид кој убаво се размачкува на кожата и совршено ги покрива сите неправилности без да го имате чувството на затнати пори.
Пудра за жена во движење!
Нејзината предност не е само во тоа што потенцијално ќе ви заштеди на коректор, бидејќи е исклучително покривна, туку е и многу приспособлива. Доаѓа во 6 нијанси, меѓу кои лесно ќе ја најдете идеалната за вас.
Ова е пудра ќе се спротивстави на сите потенцијални непријатели на вашиот мејкап изглед. Ќе ви дозволи да здивнете и помалку да се грижите во животот.
Вашиот мејкап изглед ќе биде токму онаков каков што сте го создале наутро!