Повеќе од десет години од лансирањето, светот на Kilian вклучува повеќе од 35 мириси, опфаќајќи различни колекции на мириси, вклучувајќи: „L’Oeuvre Noire“, „Arabian Nights“, „Asian Tales“, „In the Garden of Good & Evil“ и „Addictive State of Mind“.
View this post on Instagram
Од добра приказна до мирисна хармонија!
„Парфемот, пред се мора да биде добра приказна, пред да стане прекрасна мирисна хармонија. Режисерот на еден филм, првата работа што ја прави е сценариото, а потоа почнува процесот на продукција… всушност ова беше начин на кој јас ја развивав својата колекција“ – вели основачот на брендот – Kilian Hennessy.
Kilian продолжува да создава неочекувани производи кои отелотворуваат крајна софистицираност и безвременски луксуз, во колекции облечени со миризлив накит и украсни предмети за домот.
Секој мирис е почеток на приказна која сеуште не е раскажана!
„За разлика од многу мои конкуренти кои своите парфеми ги нарекуваат по главната состојка, јас одлучив да направам нешто сосема поинакво. Одлучив на моите парфеми да им доделам „титула“ и „подтитула“, истакнувајќи дека секој мирис е почеток на вистинска приказна која сеуште не е раскажана. Многу е покомплексно, но додава длабочина на секој поединечен мирис. Сите мои мириси се унисекс. Создавам парфеми кои изразуваат емоција која го креира името. Ништо друго не ме интересира, освен приближување што повеќе до вистината“ – вели Kilian Hennessy.
Брендот Kilian се развива и созрева и единствениот аспект на кој што останува доследен е дека секој создаден производ опфаќа крајна софистицираност и безвременски луксуз.