ЗА ЖЕНАТА КОЈА МИРИСОТ ГО ИЗБИРА ВО СКЛАД СО СОПСТВЕНИОТ СТИЛ НА ОБЛЕКУВАЊЕ! Giorgio Armani Code

Giorgio Armani низ Armani Code дизајнирал мирисна облека за жени!

Giorgio Armani Code во 2006-та станува еден од неизбежните симболи на заведување, а денес е легендарен “dress code” кој играта на заведување ја доведува на сосема ново ниво. Armani Code ги истражува и открива сите аспект на женскиот карактер на секоја жена и одговара на поинаков мирис, вид на ткаенина, боите и комбинациите на облекување.

Giorgio Armani низ Armani Code дизајнирал мирисна облека за жени: рачно изработена, префинета и елегантна.

Приказната започна со Armani Code, после кој во 2015 следеше Code Satin и на крај мирисната композиција беше комплетирана со Code Cashmere. Овие три мириси се замислени како три стилски композиции, секоја на свој начин интерпретирајќи сјајната есенција на портокалов цвет. Заедно со суптилните нијанси на гурманските и цветно-ориенталните ноти, создаваат впечатлива мирисна трага која шепоти за неповторливата приказна на заведување.

Armani Code Cashmere

Топол и нежен како најмека ткаенина, Armani Code Cashmere носи богата палета на контраст. Мирисната трага непогрешливо ја открива сјајната нота на портокаловиот цвет, нагласена со јасмин. Исклучително е сензуален и едноставно незаборавен, така што нотите на сонцето и ирисот се испреплетуваат во единствен акорд. Интензивно виолетовата боја, проткаена со блескаво розова, нуди загонетност исто каско анималните акорди на кожата на антилопата и темјаниката со примеси на цветни ноти.

Armani Code Cashmere е најинтензивен мирис од колекцијата на Armani Code.

Станува збор за љубовна приказна на доверба и угодување која заедно ја раскажале Dominique Ropion и Carlos Benaim, проткаена со топлите акорди на бадемовото млеко, за вистинско миризливо уживање.

Armani Code

Комбинација на портокалов цвет проткаен со ноти од мед, јасмин и благороден вид дрвја кои го осмислиле творците на парфемот Dominique Ropion, Carlos Benaim и Oliver Polge, открива смирена и самоуверена жена. Таа е сигурна и зрачи со животна радост и природна сензуалност. Нејзината фигура ја обвиткува ткаенина во омилената сина боја на Armani. Нејзината привлечност и харизматична личност се фасцинантни, таа е едноставно таа. Нејзиниот мирис е префинет и внимателно одбран исто како и фустанот, есенцијата на ѓумбир додава акорд на портокалов цвет и пикантна нота на крушка, обвиткана со топла сандаловина.

Armani Code Satin

Овој мирис е како суптилен допир, како интензивен црвен фустан кој го прати секое движење на телото. Се прелева и блеска како ноќна светлина, за да ја претвори волшебноста во мирис. Dominique Ropion го нагласил сјајниот портокалов цвет со помош на есенцијалната неролија и апсолут јасминот. Armani Code Satin е мирислива приказна за вечерна прослава, за весело собирање на стари пријатели. Таа се облекува во склад со доброто расположение и заведува со заразна насмевка. Ноќта станува се поинтензивна, а есенцијата на бурбон, ванила и какао стануваат се по опојни и појаки, исто како и желбата забавата да трае вечно.

Различни, но проткаени со ист препознатлив стил и мирис!

Инспирирана од впечатливата нота на портокалов цвет, линијата Armani Code ја отелотворува суптилната игра на заведување, со танц на светлоста и сенката. Различни, но проткаени со ист препознатлив стил и мирис како да се претопуваат еден во друг. Таква е и Giorgio Armani жената, сестрана, елегантна и единствена, жена која се снаоѓа во секоја ситуација, а мирисот го избира во склад со сопствениот стил на облекување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *