Вештачките трепки ги обожаваме бидејќи тие ни даваат ефект на густи и долги трепки кои мамат многу погледи. Затоа, многу дами едноставно стануваат зависни од трепките и посакуваат да ги носат многу често. За да не банкротирате со постојаното купување на нови трепки, ќе ви дадам неколку совети за тоа како да се грижите за вашите вештачки трепки. Така ќе можете да ги носите што е можно повеќе пати.
Чистење и чување на вештачките трепки!
За да го продолжите животниот век на вашите омилени вештачки трепки и да ги искористите до максимум, само проследите ги следниве совети и трикови.
Измијте ги рацете пред нанесување на вештачките трепки!
Скоро 90% од работата околу нанесувањето и употребата на трепките може да се направи со помош на пинцета и други алатки. Но, сепак ќе морате да ги користите вашите прсти во одреден момент. Затоа, избегнувајте оштетување на трепките или можноста за појава на инфекција на окото, со темелно миење на рацете со вода и сапун пред употреба на трепките.
Како правилно да ги отстраните вештачките трепки?
Со цел вештачките трепки да ви траат подолго, мора внимателно да ги отстраните, за да ги зачувате за следно нанесување. Ако лепакот не е премногу силен, а очите не ви се премногу чувствителни, тогаш нежно ќе ги одлепите од окото со помош на вашите прсти. Најдобро е ако ги повлечете од надворешниот агол во насока на внатрешноста.
Еден потег и тоа е доволно!
Ако вашите очи се многу чувствителни и не сакате да ги одлепите вештачките трепки со влечење. Најдобро е ако само со натопите памучен туфер со малку масло за чистење на лицето, нежно притиснете на коренот на трепките за да постигнете маслото да го истопи лепакот. После тоа, вие лесно ќе ги отстраните вештачките трепки.
Исчистете ја леплива лента на вештачките трепки!
Првото нешто што ќе забележите кога ќе ги отстраните вештачките трепки е мешавина од лепак и шминка што е залепена на траката што ги поврзува трепките. Ако не ја отстраните, таа мешавина ќе се зацврсти и тоа ќе го скрати животот на вашите омилени трепки. Затоа, многу е важно остатоците од лепак и шминка да ги отстранете, така што трепките ќе ги придржувате со раката. Со пинцета нежно ќе го отстраните вишокот на лепак и шминка од лентата на трепките.
Исчистете ги влакненцата од трепките!
Може да ви биде многу примамливо со прстите и ноктите да ги отстраните остатоците од лепак на самите влакненца од трепките. Но, немојте да го правите тоа, бидејќи само ќе ги скинете влакненцата на трепките. Наместо тоа, темелно исчистете ги влакненцата на кои имаа траги од лепак, маскара, пудра и нечистотија со ставање на трепките на хартиена салфетка. Со помош на стапче за уши натопено во средство за отстранување на шминка ќе ги отстраните овие честички. Оставете ги трепките да се исушат природно.
Чувајте ги правилно!
Кога вештачките трепки целосно се суви, вратете ги во оригиналното пакување на полукружната основа. Нежно притиснете на траката на трепките за да се прицврстат околу полукругот и да можат да ја задржат формата.
Ако ги следите сите овие лесни чекори, ќе имате трепки кои се нови и без непотребни чести купувања.