Ако сте девојка со тенки усни во ова време на филери и естетски корекции – не очајувајте! Напротив, постојат многу различни тајни и трикови што можат да ве поштедат од инјектирање на филери, бидејќи природната убавина е тоа што треба да го прифатите! Затоа, ви откривам 5 трикови што треба да ги знаете ако имате тенки усни!

Ова се тајни што секоја девојка со тенки усни треба да ги знае!

# 1 Треба стратешки да го користите сјајот за усни!

Ако сакате сјајни усни, треба да знаете дека мора да бидете стратешки настроени ако сакате да го подобрите изгледот и полнотата на вашите усни. Затоа, привлечете внимание со најполниот дел од вашите усни, со тоа што ќе нанесете сјај само на центарот од вашите усни. Ако навистина сакате на усните да им дадете длабочина и димензија, нанесете малку хајлајтер на врвот на прстот и тапкајте го на средината на усните.

# 2 Plumer за усни е вашиот најдобар пријател!

Нема ништо лошо во тоа да побарате малку „помош“ од специјални сјаеви за зголемување на волуменот на вашите усни. Тие содржат супстанции кои предизвикуваат мало отекување на усните, така што усните привремено навистина ќе ви бидат пополни и сочни. Затоа, за посебни прилики изберете сјај што пецка и го дава овој ефект!

- Реклама -

# 3 Пилингот за усни мора да биде дел од вашата дневна рутина!

Пилингот на усните ја зголемува циркулацијата и затоа ги прави усните пополни. Затоа, овој производ мора да стане дел од вашата дневна рутина за убавина. Не мора да купувате посебен пилинг за усни, бидејќи можете да користите мешавина од шеќер и масло за лице за да ги истријате усните.

# 4 Клучот е во хидратацијата!

Сувите и испукани усни секако изгледаат помали отколку што се. Поради оваа причина, треба да се вооружите со хранливи мелеми за усни, кои ќе ги имате на дофат во секое време. Намачкајте ги усните секогаш кога ќе се сетите и тие ќе бидат хидрирани и полни!

# 5 Носењето на темен кармин е процес!

Факт е дека потемните кармини изгледаат поубаво на полни усни, но тоа не значи дека не можете да ги носите! Процесот на нанесување е предизвик ако имате тенки усни, а трикот е да користите молив за усни што ќе ви биде водич при нанесувањето на карминот!