Течните руменила не се прв избор кога станува збор за купување на мејкап производи. Повеќето од нас користат класични – компактни руменила, а во ретки прилики – кремасти. Течните руменила кријат многу потенцијал кој може целосно да ги замени класичните и кремастите руменила! Природниот изглед и долготрајност е нивна најголема предност. Тие доаѓаат во повеќе формули: како супер пигментирани или sheer (нежно пигментирани) варијанти, со кои не можете да згрешите!
Зошто течните руменила се толку добри?
#1 Лесно се нанесуваат и блендираат!
Течните руменила ја имаат таа посакувана предност што можат да се нанесат со прсти, четка или бјути блендер! Практично – со било која бјути алатка што ја имате. Лесно се блендираат и одлично се апсорбираат во кожата, делуваат како природна нијанса на вашата кожа кога ќе заруменете. Најдобро од сè ако одберете sheer течно руменило е фактот дека тешко ќе претерате со количината!
#2 Потполно се трендовски!
Ако воопшто ги следите водечките трендови за шминкање, сигурно знаете дека dewy – блескавата кожа е IN! Тешката шминка е минатото – сега фокусот е ставен на здравата, сјајна кожа која сјае одвнатре. Течното руменило совршено одговара на овој концепт! Со малку маскара и сјај на усните течното руменило е сè што ви треба за свеж, no-make-up make-up изглед!
#3 Тие се повеќенаменски!
Она што е најдобро кај течните мејкап производи е фактот дека можете да ги користите за повеќе намени! Конкретно, течното руменило можете да го користите како сенка за очи или како течен кармин! Ако руменилото го нанесете со тенка четка на линијата на очните капаци, можете да постигнете ефект на обоен туш за очи! Не заборавајте дека монохроматската шминка (шминка во една боја) е голем тренд, така што не е лошо да имате течно руменило при рака со кое можете да го нашминкате буквално целото лице!
#4 Траат подолго!
Течните руменила за разлика од класичните траат многу подолго на образите. Тие не избледуваат, се топат со кожата и траат сè додека имате шминка на лицето. За дополнително да го продолжите и засилите ефектот на течното руменило можете нежно да нанесете компактно руменило.
#5 Честопати ја негуваат кожата!
Одредени брендови на течни руменила во својата формула додаваат витамини, масла или растителни екстракти кои ја негуваат кожата! Нега и боја во едно – како мултитаскинг производ!
#6 Се нанесува веднаш после течна пудра!
Кога се шминкате со течно руменило точниот редослед на нанесување е веднаш после течната пудра. Запомнете дека формулите во прав и течност не се мешаат! Затоа – не чекајте лицето да се исуши од течната пудра и дури тогаш да нанесете руменило. Наместо тоа – нанесете течно руменило над течната пудра, во пределот на образите.