- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Едно од основните правила кога станува збор за шминка за специјални – свечени прилики е: прво пробајте го она што сте го замислиле. Сосема е во ред ако сакате да изгледате поинаку од вообичаеното, само она што сте го замислиле можеби нема да испадне добро кога ќе го спроведете во дело. Затоа, поигрувајте и вежбајте!

Од каде да започнете?

Најлесно е да пробате нова, впечатлива нијанса на кармин. Експертите за убавина велат дека карминот треба да се совпадне не само со гардеробата, туку и со торбата, чевлите и накитот.

Шминка за Нова година!

Како треба да изгледа шминката за новогодишната ноќ? Одговорот на ова прашање зависи од вашиот стил, вкус, гардероба и каде ќе одите. Ако сакате да ги следите модните движења, еве неколку препораки!

- Реклама -

Како до совршен мејкап изглед?

Првиот чекор е совршен тен. Пилинг и маска со интензивно делување не треба да се прескокнуваат во дневната нега, но важно е да се напомене дека не е препорачливо да се користи пилинг непосредно пред новогодишната ноќ. Секогаш е подобро пилингот да го направите два дена порано.

Пред да ја нанесете пудрата, добра идеја е да користите специјални подлоги – прајмери и фиксатори кои гарантираат дека вашата шминка ќе остане непроменета во текот на целата ноќ. Постојат подлоги и фиксатори за цело лице и специјални подлоги за сенка за очи.

Трендот за шминкање на вашите очиsmokey eyes е актуелен веќе неколку сезони. Може да се одлучите за класична, црна или сива варијанта или за малку поекстравагантна комбинација на бои – виолетова, зелена или кафеава и петролеј сина.

Нема подобра прилика за вештачки трепки од новогодишните празници. Во комбинација со светкав прав на очните капаци, ќе биде доволно за најлудата ноќ.

Маскарата во боја е исклучително ефектна. Обидете се со зелена боја, која е многу трендовска оваа сезона.

Светките имаат свои верни обожаватели. Подобро е да се одлучите за дискретни варијанти. Бидете внимателни со крупните светки. Туш за очи со светки може да биде вистинско откритие.

Ако претпочитате акцентот да го ставите на усните, може да се одлучите за ненадмината класика – црвен кармин или фуксија розова нијанса, со кои дефинитивно нема да поминете незабележано. Бринетите исто така можат да пробаат и корални нијанси кои ефектно ќе го надополнат мејкап изгледот.

Што ќе биде модерно оваа сезона?

Оваа сезона модерен е стилот на шминкање кој вклучува јасно дефинирани долги трепки кои совршено ги обликуваат очите, нежно руменило кое ги истакнуваат јаболчиците и совршено нашминкани усни.

Не заборавајте на последниот чекор!

Конечно, треба да се спомене нешто многу важно! Колку и да сте уморни, не заборавајте внимателно да ја отстраните вашата шминка кога ќе се вратите дома.